ли (чест.) - како (прил.)

Знаеш ли како се убиваат ѓаволите мамо? Не знам, како ? Со песна само.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сети се на топлите денови. Спарни тешки денови кога ги милуваме телата со малку зборови на испотените усни . . . или, се сеќаваш ли како ја креваше главата кон Северот, чекајќи го студениот бран.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Знаеш ли како се заколнав? Знаеш, знаеш си чул. Оној ден, кога во твојата куќа ќе заплаче твојот пород, ќе те убијам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не гледаш ли како рипнале на мене како црни сотони од пеколот?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дивни се твоите приказни, ми рече. Сонуваш ли како што расправаш? праша. Кажи сонуваш ли?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Слушаш ли како мириса? - рече со восхит Бојан, откако се оптегна врз меката бујна трева, што вистински личеше на зелена јамболија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јован Стојче-Столетников праша: „Нели го запаливме?“ Јордан Шоп одговори: „Вие го запаливте, не јас.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не цимоли. Валканите раце не ќе си ги измиеме ни со своја крв. Слушаш ли како се смее?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаете ли како е во Салпетријер во Париз? Спијат на душеци на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги затвораат пациентите во простории и не ги пуштаат надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)