ли (чест.) - така (прил.)

Оваа згодна идеја му се свиде на Трајчета и праша: - И другите ли така ќе направат?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Може ли така да помине Илко Сукала и тоа на староси прва рожба? Та, кој ќе чуе, како ќе рече?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вие 'ргате овде и ден и ноќ, а тој си свире со тамбурката по Градешница и Старовина и си и п'ни тенеќиите со лирички од вашата пот. Не е ли така, Иљо? — му се обрна на Гуцето, кој просто беше замајан од пресвртот на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе те викаме отсега Мурат-ага, бива ли така, кадијо ефенди?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Утре ќе одиш во Струга, не ли така рече? - праша Горјан. - Да. Ќе одам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Доволно е само да помислиш на она езерце, на пример, знаеш, каде што бевме онаа ноќ, и веќе си таму. Не е ли така? - Така е – признав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, сега, слушај ме внимателно. Во главата сите ние имаме безброј мисли. И секоја си оди на своја страна. Кога си расеана, тие прават што сакаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа ли така достоинствено го закопав во присуство на целото село?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)