не (чест.) - важи (гл.)

Не важи“, промрморе таа, откако процени дека е безбедно да проговори. „Мислам, за утре.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
72. СЕЈМЕН.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Добро дело за божја награда. Не важи за атеисти!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Песната е моја. Но, очигледно, таа за тебе не важи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За жал, до ден-денес, отпремнината сѐ уште не е исплатена и покрај обврската да се исплати пред работниците да аплицираат за паричен надоместок по основ на привремена невработеност во АВРМ – Центар за вработување Велес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Целата парнична постапка, во однос на судските трошоци, го чинеше 3.700 МКД, додека адвокатот своите трошоци, во висина од 5.000 МКД, си ги наплати од склучениот договор за вонсудско порамнување. 119 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговата состојба во овој период беше навистина тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По неговото „враќање“ на работа (кое ќе трае само уште два месеца) – условите за работа и работничките права како да не важеа за него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Карактеристика на овој случај е што тужениот работодавач е организација која спроведува странски проект, поради што тие мислат дека имаат големо влијание во општеството и за нив законските ограничувања како воопшто да не важат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради својата каприциозност, како и неговата желба да постави пример за во иднина да не се осмелуваат да одат директно пред суд, таа негова „фер понуда“ не важеше за оние кои веќе беа вклучени во тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа, на спорот се надоврзуваат и барањата по основ на неисплаќање отпремнина/испратнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога денес размислувам, навистина сум убеден дека тогаш циркусот, покрај манастирот, беше едниственото место каде не важеа законите на околниот свет; тоа беше држава во држава, нација во нација, свет во свет, космос во космос; мало небо во големо небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ако реченицата може да се разбере само ако се знае значењето на зборовите што ја сочиниле, тоа за зборот не важи; оти какво е значењето на секој глас одделно во зборот?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Значи треба да ѝ речам на публиката дека ова што го видоа вечерва, не важи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да ги собереме селаните да видиме, што има по некоја пара да ви дадеме, па за друга година кажете ни, колку можеме ќе толчиме глава, ќе даваме, нема што, ако веќе старите бераати не важат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Козите имаат раса. Прашај за раса! – го предупреди шефот во шепот. – Националноста не важи, туку расата, од која раса се козите? – Санска – одговори татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Внимание! Во недостаток на љубов розата на телото инстинктивно се отвора паѓајте слободно законите не важат!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потоа се пријавив кај комесарот и му кажав дека јас ја прекинав колоната, тој најде една олеснителна околност: Ти си добар борец, Милке, за тебе тоа не важи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Тврдењата ваши не важат, - им вели матичарот, - важат документите...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)