не (чест.) - допушта (гл.)

Овој град некогаш полн со здравје, сега неухранет, вошлосан, отворен кон болестите на душата и телото, на работ од епидемијата на тифус, на уплав, на треперење пред неизвесните времиња, под ударот на болести и несреќи што најнапред, како по правило, прво ги погодуваат сиромашните, брзо фаќаат корен и се шират меѓу најмногубројните.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги префаќам како божем да не допуштам жолчката да ми истече од месото на дното на садот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не допуштала никаква категорична разлика меѓу мажите кои играле пенетрирачки сексуални улоги и сексуални улоги на примател во истополовите сексуални контакти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тука се сите, сите, сите: децата, Цви, неговите, нејзините родители дојдени на посета кај сватовите и таа облечена во фустан со ведар дезен и прекрасна берлинска шапка по последна мода што не допушта во очите да ѝ бие сјајното галициско пролетно сонце... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)