не (чест.) - згреши (гл.)

Уметникот излегува посмирен во салата. Тој е сега наполно уверен дека не згрешил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога ќе се сетам што најмногу ми недостасува, тоа е насмевката што се раѓа на моето лице и спокојот во мојата душа кога ќе се појави нов сјај во твоите очи кога доаѓаше да бидеш со мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не згрешивме, ќе трае засекогаш, во најинтимните и најскриените делови на нашите срца, чувана од секаква нечистотија што ја носи овој проклет живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Веќе не знаеја како да се викаат едни со други, па продолжија да си се викаат со своите рисјански имиња, само што пред Петрета, кој сега стана Музафер-ага, подзастануваа, се потпрашуваа како кој се вика и добро се чуваа да не згрешат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ЧЕТИРИНАЕСЕТТА ПОЈАВА АРСО
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Арно. Туку, како беше за ручекот да не згрешам; не месо со праз, туку со компири...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Можеби можеше да најде начин да го задржи Бојан, но се плашеше да не згреши, зашто до утре можеби ќе навее голем снег, па неговото враќање во колибата во Гогов Валог би било уште потешко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа дури и го изговори тоа што јас не сакав да си го признаам, а камоли гласно да го кажам пред друг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така, Мила ми изгледаше најпогодна за да ѝ го прочитам писмото од Ивана. Не згрешив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас никако не сум, ми е страв да не згрешам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар и таа е таква, ми иде да викам, ама да не згрешам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И нему му е страв да не згреши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)