не (чест.) - измислува (гл.)

Она што овој никаквец и завидливец сакаше, беше да внесе немир во нашиот дом, ама инаку не измислувал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
За обичниот човек никој не измислува досетки, не се мачи да го омаловажи, него едноставно никој не го забележува, а на Голем Тодор многумина му беа настрвени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
НОВЕ: Ме викаа, ме прашуваа за тебе, кажував што знаев, ништо не измислував. И онака сѐ знаеја. Не сум ти јас виновен за ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не измислувај, Анатолиј, му рекла Рајна, не сум мало дете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или грешам? Добро, пресудите сами.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ништо не измислувам. Отсекогаш знам дека синот не може да се однесува поразлично од татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не измислувам, дедо, два пати за ова пишуваше во „Нова Македонија“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)