не (чест.) - изразува (гл.)

Но нејзините очи сѐ уште бараа да најдат некој мал знак на расположение во изразот на неговото лице, кој беше јасен, а сепак ништо не изразуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им се воодушевував на моите сестри, на нивните гестови и нивните разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, ако неговиот поглед не изразуваше чудење како кај луѓе што виделе многу и престанале да се чудат, или како кај оние што не виделе ништо па сѐ земаат за сфатливо и нормално, тој повеќе изразуваше тага премината во тапост, небаре не гледа во тоа што гледа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)