не (чест.) - легне (гл.)

— Ако не легниме, ќе замава Рифат, по очи, по глава, по раце и по ребра, та ќе си останиме алипни до векот — ја правдаа својата ропска покорност.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Винстон во детството понекогаш спиел во таков кревет; Џулија, колку што се сеќаваше никогаш не легнала во таков порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со моето тело го покосивте и мојот говор. Ме оставивте сама и црните сокови на вашата неизбежност. Ќе ме хранат дури не легнете крај мене.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Потоа се извртив неколкупати околу самиот себе како пес што се врти пред да реши да легне, но не легнав, туку ја зедов машината за пишување за и јас да се фатам за работа, а да бидам блиску, да го слушам удирањето на копачот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На пладне, како фурија со долга коса, се втурнува во дневната соба, гладна и уморена, ама не легнува да одмори, туку менува маица и пак низ врата, мојата ангеларија, со која можам да комуницирам само ако ја оставам на раат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Татко ми остана буден цела ноќ, прилегнат покрај огништето. Не легнав ни јас.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лево од нив, меѓу расфрлени карпи, ги демнел некој невидлив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жена му беше веќе станата, а како воопшто да не легнала.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Можев а морав, сакав а не бев сигурен, сигурен бев ама не знаев – знаев дека нема да заспијам, затоа и не легнав...“
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
„Па зашто вие овде легнавте?“, го праша надмениот женски глас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ме легнаа, ме легнаа мене сопругата и малите деца, не легнав јас самиот. Таинство на смртта!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)