не (чест.) - лути (гл.)

Една прекрасна играчка - ќе ти се допадне“; потоа излезе на дождот, отиде до една мала продавница во близината, која сѐ уште работеше повремено и се врати со една картонска кутија, „Не лути се човеку“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не лути се што немам со што да те послужам.“ Беа изменети, се чувствуваа еден пред друг како туѓинци случајно сретнати на тесна врвица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Е!... Море, удри понатака!... (Го крева шишето со вино, а другите тивко пеат: „Во стриковото градинче, галабо...) СИМКА: Не лути се, Костадине...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не лути се, ќе огрдиш, ќе ѝ речам јас на Оливера и ќе ја удрам вратата зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не лути се, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЕДЕН ТУРЧИН: Не лути се, зотни Иљо. Не лути се оти уште не си оздравен како што треба, ќе ти падне тешко...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Де, де, се навреди тој; гледаше околу себе како да ме бара. - Не е многу. Се зазборев. А ти не лути се.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сепак ми се стори дека се подбива со првиот ден на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не лути ми се, немаш зашто. Сакаш ли да се посмееме?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не лути ни се, чичко! и го влечи малиот понатаму, ама во главата го понесува и сувото и жолто човече.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Оди си, момче. Не лути ме. - Пушти го Белча.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Добро де, добро! Не лути се! - благо продолжи мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А вака, не лути се, ама посигурен сум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ех, несреќнице! Ти си многу, многу наивна. И не лути се, ама простичка си.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)