не (чест.) - одговори (гл.)

Грегор, не одговори, се заврте уште еднаш кон сликата на Камил Пизаро, помислувајќи дека сѐ уште не успеал да ја надмине разделбата со својата ќерка Ева.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Жената не одговори. Тропкаше со нога, заслушана во некаков такт.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Види ја ти еднаш бабава”, си помисли Кочо, ама ништо не одговори.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа не одговори ништо. Само ме погледа со насолзени очи, наведна глава и излезе од собата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па затоа малку трапаво рече: - Остави го сега срцето! Елена не одговори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во мигот не одговорив. Х.Х. за миг остана обесхрабрен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чукнав посилно, а тој не одговори. Тогаш удрив жестоко со тупаницата, и тој рече: „Напред!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оставав пораки. Никогаш не одговори.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како никогаш да не знаевме еден за друг, како да сум странец, некој трговски патник, просјак на улица.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бдеев пред нејзината куќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Фасциниран од твојата креативност и затворот ќе го крстам замок доколку твојот поглед не одговори на импулсите на менталните бранувања.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не одговори ни кога беше готов со постелата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Што си станал толку рано?“ го праша Профим. Скрче не одговори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јас нив никогаш не сум ги сакал. - И цинично ме праша. - А ти? Не одговорив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Никој не одговори на нејзините повици за помош.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше раководителот на санаториумот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тагуваше по децата робови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- А птицата? Другиот не одговори. Се оддалечуваше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кејтеновиот син не одговори веднаш, како фатен во стапица ја наведна главата, помолче. Се чу оти тивко, болно липа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зарем не е егзилот потрага по отворена врата? - прифатив тивко.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поетот во мигот не одговори, загледан во синиот бескрај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мигот ништо не одговорив. Бев изненаден од поставеното прање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко во мигот не одговори туку појде кон рафтот на библиотеката на чардакот на кој беа наредени речниците, го извади толковниот француски речник на Литре, започна да прелистува, запирајќи на зборот janissaire, прочита за неговото фигуративно значење: Il se dit, en mauvais part, des satellites d` une autorit quelconque.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски во мигот не одговори, но по малку изнесе податоци од неговата париска дисертација дека некои лингвисти кои не престанале со истражувањата на потеклото на јазикот биле следени од специјалисти во генетиката на популациите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Винстон сепак не одговори веднаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Вие знаете дека ова е непотребно. Што сакате да сторам?“ О'Брајан не одговори директно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не одговори. О'Брајан го врати лостот, на назад бројчаник. Бранот болка се повлече речиси исто толку брзо како што надојде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден меѓу нив што цело време молчеше, му рече на Илко: - Значи така: ти си жив... Илко ништо не одговори.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ништо не одговори. Изгледаше како тие зборови на Хелвиг да не допреа до неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија не одговори. Таа не сакаше да ѝ каже на мајка си дека тоа влијание на родителите е посилно од него...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Па? Не одговори ни за иследникот ни за себе, како што не можеше да одговори на набожното прашање еднаш, порано, ни оној калуѓер што дојде в болница смерен, набожен и со гонореја.немаше сили и не сакаше да одговори, како секој осамен, изгубен, безнадежен човек.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Поинакво? Зошто поинакво? ја прашав. Не одговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јагулче Дримски не одговори, само си ја потврди претпоставката дека повеќе не е како некогаш кога Партијата не ги прашуваше другите како ќе одлучува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Шишман нажалено го погледна. - Не зборувај така, - молежливо му рече. Србин не одговори.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Јас кажав сѐ што знам. Не се сеќава точно но му се причини дека иследникот беше затечен од прашањето на обвинетиот па затоа ништо не одговори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Величковски се насмевна со разбирање. Но бев речиси сигурен дека ништо не одговори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навивачите околу радиото бесно се свртеа. Змиулчето не одговори.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Очигледна е претпазливоста со која британскиот Форин офис се однесувал кон сè она што можело, на кој било начин, да претставува и најмал сигнал за поддршка на такви ставови коишто не влегувале во сферата на британската "реална политика".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сугестиите дадени од страна на Форин офис биле прифатени и на 23 август 1944 година од Рим, од Британското претставништво била испратена телеграма до Форин офис, во која се истакнувало дека Черчил ја прифаќа сугестијата да не одговори туку, во име на Черчил, Форин офис да испрати потврда за прием на телеграмата од АСНОМ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Автоматите онемеа. Викна: - Еј, вие таму... Живи сте?... Никој не одговори.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но светлокосиот ништо не одговори.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече не одговори веднаш.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Никој не одговори. Беше темнина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Зошто прашуваш?“ не одговори пак синот на Тајко, иако всушност одговори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)