не (чест.) - отпатува (гл.)

Зошто патните торби не ме асоцираат на патувања туку на заминувања засекогаш, а никој во мојот живот не заминал, не отпатувал... само побегнал?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Патувањето со ова вовче, наспрема големиот воз Балкан-експрес со кој и покрај некогашната голема желба на Татко да продолжиме кон западна Европа не отпатуваме никогаш, ни се чинеше како да нѐ носи во небото, до некој облак, како во слика на Шагал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И покрај сѐ тој никогаш не отпатува со овој воз според неговиот итинерар ниту да ја мине западната ниту источната граница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)