не (чест.) - почнува (гл.)

Долго не почнуваше друга партија за што подолго да проведе со радоста во себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И не почнувај со толку ниска понуда, не е фер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ЉУБА: Жити бога, не почнувај да размислуваш. Јас се изморив и самата не знам што зборувам. А ти ситничариш во врска со зборовите. 202 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не почнуваат од нашите стапалки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не почнува Комисијата од утре да оди по куќи и да ги оценува? - тетка ми Марија беше упорна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што ги цедеше од нив излегуваше матна вода при што таа цимолеше со искривена уста. Видов дека почнува да плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мамо, мамо немој, - Кристина се обиде да ѝ се доближи, но тетка Олга како некоја фурија се сврте накај неа и ѝ просаска, - Мрш оттука!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не почнува утре годинешниот натпревар? - тетка ми Марија повторно ја погледна тетка ми Олга која налутено молчеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И обратно - има луѓе што ништо не почнуваат и ништо не завршуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сепак, не реагирав. Зошто токму јас да му напоменувам дека несигурноста што ни ги врзува рацете и ни ја подјадува надежта не почнува и нема да заврши со нас, и тоа токму оваа вечер!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)