не (чест.) - појде (гл.)

Што ќе помисли Киркор за него кога навистина тој нема да појде и не појде денес да си го плати костумот со штедрата рака на богат расипник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пак се собравме околу огновите. Со ококорени очи го гледавме умирањето на пеплосаните гламни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Некој што те брани?“ „Некој што ја брани својата жена или својата сестра.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Молчи, момче“, рече жената. „Сѐ знам. Знам кого браниш. А сега дојди да ми помогнеш да исцепам дрва. Треба да зготвам вечера.“ Но јас не појдов по неа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не појде по ветки да го засилиме пламенот и да се згрееме, сите сакаа да бидат поблизу до последното трепетење на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сврте натаму, на кај телот на фабриката, ама не појде на кај алето, туку зад зградата, во бавчите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога слезе од возот, Ване не појде со врволицата по перонот па низ холот да излезе од станицата за да продолжи по улиците на кои во тие утрински часови се среќаваа само луѓето што одеа на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Полека тргнав кон мојот дом. Чекорев бавно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас не појдов по неа. Се подвратив до домот на Рајнер, но не тропнав на неговата врата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Жената го викаше наглас некаде од долу, од утробата на куќата, но тој не се огласи и не појде натаму, остана тука на покривот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш ја чу жената како го вика од терасата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со погледот шеташе по покривите од околните куќи, во тој сплет од нерамни и испревртени кубови, ги гледаше низ измаглината на квечерината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)