не (чест.) - преземе (гл.)

Агите долго не смееја да излезат од кулата, та ништо не презедоа да се спречи пожарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да ќе се оствареше дури и тој ако не преземеше ништо. Но тој сепак презеде нешто.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа беше заслуга на Грците, а нашите македонски учители не презедоа ништо.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Велиш душкаат - остро го прекина - а зошто ти не преземеш нешто за да ги спречиш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во текот на трите следни денови, за кое време не можеше ни око да затвори, се обидуваше да смисли нешто што ќе го надмудри врагот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
4 Што се однесува до овластувањата на претставниците за безбедност и здравје при работа, новиот закон не го содржи, односно со донесувањето на новиот закон е укинато правото на претставниците на вработените надлежни за безбедност при работа да побараат прекин на работата на одделно работно место или на цел технолошки процес доколку работодавецот не преземе мерки за отстранување на дефекти и други недостатоци и појави кои непосредно ја загрозуваат безбедноста при работата (чл. 44, ЗЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако не преземе ништо, телото и душата ќе му се печат на вечниот пламен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)