не (чест.) - припаѓа (гл.)

Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Средствата собрани од продажбата на материјалите ќе бидат наменети во добротворни цели, како за реформи, реформирање и расформирање на многумина што ќе бидат фатени таму каде што не припаѓаат, односно како работат на наталитетот со заштита, што е најстрого забрането, или се работат и го потпомагаат наталитетот во општина во која фактички не живеат и не гласаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас пак, не знаев што да кажам. Ги слушав сите, и сфатив дека не припаѓам тука, но некаква маѓосна сила, сила на слабоста, ме врзуваше со нив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Политички, Бил не припаѓа никаде: за конзервативците е ноќна мора, а за либералите е прерадикален.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Етнички, национално, општествено, психолошки и историски, Македонците се разликуваат од Србите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивните истражувања и анализи во однос на Македонија покажале дека „Македонија дефинитивно не припаѓа кон српската единица.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)