не (чест.) - реши (гл.)

Нашата канцеларија се наоѓа во непосредна близина на фабриката во која дванаесетмина работници произведуваат мебел што човек го купува за да се кае потоа цел живот, освен ако не реши по три дни да го исече за потпалување: столчиња за пушење, столчиња за шиење, комоди, вешто бојосани столчиња што се кршат под тригодишни дечиња, мали подлошки за вази или саксии, безвредни дреболии кои за својот живот ѝ се благодарни само на вештината на столарот, додека во стварноста некој лош бојаџија им дава само привидна убавина со бојата за која сите мислат дека е лак, а која требаше да ги оправда цените.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И како и повеќето семејства таму, и нивното живееше скромно, но научено на малку, беше и среќно, сѐ додека Севишниот не реши да ги стави на искушение, па еден ден не го повика кутриот Давид Давидовиќ при себе, таму на небото да шие и да крои облачни облеки за херувимите и за душите на нашите блажени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цртежот му се фрлаше под нос на мајсторот кој го ставаше на мајсторското тезге, го проучуваше муртејќи го челото, потоа ја проверуваше издржливоста на дрвото и најпосле почнуваше со производството.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓу стравот и храброста Сандри го бараше својот тесен процеп на сигурност, процеп што постои само ако бегот сѐ уште не решил да постапува отворено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многу ми се сакаше, речиси нешто ме копкаше, некому да кажам што сонови сонувам, ама не решив, пред стрика Бориза ќе испаднев религиозен и суеверен, а тоа најстрого го имаше забрането Партијата, и стрико Борис за такви работи, религии и суеверија, не проштаваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)