не (чест.) - сака (гл.)

- Ништо не сакам и ништо не сум барал од тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бараше од мене арамија да бидам, разбојник, крадец, затоа што се плашеше дека Филозофот е викнат кај нас за да го растолкува записот од одајата, и не сакаше ливчињата на таткото негов, од чија плот и семе беше роден, во туѓи раце да паднат и слава на друг да му донесат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се налутија пред да го прости господ, рече, и таа не сакаше да ја закопаме заедно со него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вратете ме долу, свикал царот. не сакам да ги видам ни Солун, ни Стамбол. По Германија не ќе пукнам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сакаш чај? Навистина!?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дарвиш веднаш категорично прифати: - Се разбира, ние никогаш не го напуштивме Арафат, само не сакавме да го споделиме неговото гарантирано, ветено враќање во неветената земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не сакав да си одам, но, вечерта надоаѓаше, за Ели беше потребен сон.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Минаа времињата кога Мајка го спасуваше семејството од бомби, од разните војски во родниот град крај Езерото, од ловците на сталинисти, кога се скараа Тито и Сталин, кога не сакајќи, ја скри сликата на советскиот маршал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги претставува „оркестралната“ - музика старомодните хиерархиски структури. е толку дигитална, толку Оркестралната музика претставува сѐ скроена, ритмична, и што не сакам од Ренесансата... зависна од улогите на Ако си композитор кој пишува таква музичарите. музика, можат да поминат неколку години пред да слушнеш како звучат твоите дела.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се сетив дека татко ми забранува да ја удирам зашто е помала од мене цели пет години и зашто сум силен, па би можел не сакајќи да ја повредам, и, токму кога сакав да ја пуштам, таа срипа и со нога ги растури сите фигури од шаховската табла.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Почекај ме... Ќе донесам вино. Најпосле јас и не сакав да војувам со тебе. А ако сум те видел ваша милост, веќе нема. Друг сум јас сега.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таков и бев, зашто не сакав со подбив да му одговорам на таванот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јасно е дека бракот бил резултат на спогодба, таква со која ќе се задоволат барањата на мајката на невестата, која не сакала да му даде развод на својот маж пред нивната ќерка да се омажи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мара неколку пати им влегуваше во собичката, таа повеќе пати се обиде да им рече дека е многу, премногу доцна и дека е време да си легнат, но ни едниот ни другиот не сакаа да чујат за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ама, таму не сакаат да чујат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа не сакаше да се залажува: тие никогаш не го прифатија својот ашкенаски рабин, а ниту Цви некогаш се потруди подлабоко да се зближи со духот на своето стадо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Помисли на мајка си, на нејзината насмевка, помисли на деда си кој умре сам во својата куќа, се сети дека никогаш не го видел татка си.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Манол Форевски подава, позема, а Лазор Рогожаров се бричи, се чешла, не сака грд да се појави пред јадењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За некои од нив се говореше дека спијат во старата, полуурната куќа без жители, на која, еднаш не сакајќи, ѝ го искршив прозорецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
22. “Комитетот не сака да ја направи Македонија бугарска; тој сака правина за сите Македонци, без разлика на вера и народност”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Инаку изговорот „Немам време, зафатена сум“, не сакам да го слушнам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уметникот и не сакајќи сожалително се усмевна. Бокалот е поставен во кујнска маса, со две ружи внатре.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зедов цела шницла и исто како претходниот ден ја набутав во уста и полуизџвакано ја изголтав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И затворениците под Италијанците не сакаа да бидат ослободени од Грците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Сета моја работа ќе пропадне ако не сакаш да помогнеш. Ќе виси насекаде низ куќата...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега Соколе гледа дека не сака телото, ами душата е таа што сака, и ако душата не нашла љубов во животот, ќе запилкува за неа како орле за вода над пустине карпи, дури не ја најде својата гроба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Му реков: „Те прашав за девојката што ми донесе вода. Кажи ми што сакаше да ми кажеш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Првите десетина средби беа тајни. Не сакаа да бидат видени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Може да им се случи да се излажат не сакајќи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не сакав да помогнам - не знаев ниту како, ниту пак сакав да влегувам во гомнената каша во која седеше таа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Па, прилично – многу великодушна награда – не сакам да кажам колку точно; но едно сакам да знаете – не би ми пречело да издвојам чек на педесет илјади франци за оној што би можел да ми го достави писмото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакав да го знаеш сето ова. Сакав повторно да ти се допаѓам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие велеа: „Ние не сакаме ни една држава да војува за нас: тие можат просто да ги испратат своите флоти во Солун и да ја принудат Турција да ни даде реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Други не сакаа да чујат за бога, велејќи: - Со него сметките ги порамнивме: доброто што ни го даде - го израмни со зло... Сега сме квит, стопанкина му!
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не сум себична, не сакаше ни на гости да ме викне таму.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секој си имаше свој правец во размислувањето за јаничарството од кој не сакаше да отстапи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не сакаше да го прекинува макар што имаше со што да го дополни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сигурно не сакаше арогантни ликови, а него дури и на чело му се читаше дека е токму таков.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само, видете, Кери Грант не можеше да биде убиец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тие и да знаат дека имаш вина, не сакаат од неа да те ослободат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаш – не сакаш и по тамина ќе зборуваш, зашто малку од она што го кажувам е по видено а повеќе по чуено, по начуено и по тоа како што може човек да си мисли...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не сакам некому да му дадам шанса да спори со мојата грижа на совеста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сенарот, еден ден ѝ се исповедал на својата жена и рекол дека од инает не сака да му ги даде парите на јагленарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога Господ Исус Христос ќе се појави од небото со моќните ангели свои, со разгорен оган, ќе ги казни со вечна смрт сите оние што не сакаат да го признаат Бога!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бидејќи немале и не сакале да имаат врска со ЦК во Солун, бидејќи не се мешале во работите на Организацијата и не се обидувале да ја шират својата идеологија и својот начин на борба меѓу обесправеното население, гемиџиите сметале дека Иван Гарванов нема никакво право и основа да им се наложува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И кога не сакам да сум тоа, тоа сум. Кловн. Од глава до петици кловн.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не сакаше, иако мртва, да им биде гозба на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но постои една додатна причина што јас не сакам да ја образложувам: Николина е навредена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сакав да го прашам какви се неговите планови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тој момент, од ходникот допре гласот на мајката, која, како суфлер, но повеќе како контролор го следи муабетот, но не сака да учествува во него зашто тоа се машки муабети: „И не само таа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не доаѓа предвид. И моите и твоите ќе нѐ стават во топ, Рада божем не сакаше!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во прво време не сакаа да кажат, ама кога докторот им рече дека нема да ги лекува ако не му кажат, Салија му ја исприкажа вистината, а докторчето се насмеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако е крајно огорчен од целокупната ситуација во државава, но и во светски рамки воопшто – Љ.Н. е одлучен во тоа дека, во иднина, повторно би тужел доколку му биде повредено некое работничко право. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Не ужива. Страда,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ним, како од раце да им се лизна Правичноста, според која договорот направен помеѓу човек кој ручал добро и човек кој го продава својот труд за гола егзистенција, помеѓу силниот и слабиот, помеѓу богатиот и сиромавиот, помеѓу господарот и робот – не е воопшто ‘договор’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Си мислам дека Дејан утре ќе си оди, ќе го видам без завој, нема да бидеме веќе исти.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не сакам да размислувам за она што со години се повторува на првиот училиштен ден!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во мигот кога посегнав по спружените алишта и не сакајќи се слизнав на тазе подмрзнатиот балкон, кој за несреќа беше на 13-тиот кат од зградата, каде живеев заедно со моето момче, ми прелетаа низ глава сите овие реминисценции, на кои во друг случај не би се сетила сигурно.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не се знае што ќе искомбинирам јас - газдата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мајка, борејќи се со сите сили, растегнувајќи го што повеќе тестото со сѐ поскудното брашно колку што можеше повеќе да го растегне за да го совлада гладот на своите деца, не сакаше по никоја цена да го тревожи својот сопруг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се надевам дека ќе го вратам дома.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа ти е Хортанса!... Сигурно! Готово! Таа е!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мирче: Реков, ама сега не сакам. Погледни си ги рацете!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еден речи ова, друг она, ние слушаме заутарени, не сакаме да знаеме што нѐ чека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Молчиш? Молчиш зашто не сакаш да мислиш...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Господ ме спаси од дрвен крст, па не сакам ни железен, им велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога одблизу го видов сцрвенетото уво на Цанета, и не сакајќи реков: - Квак! Тој тажно се наведна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не сакаат лоша копија на стварноста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислиш е нафрлена со нешто, а не сака да ја видиш да се почеша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Почекајте да се стемне, вели војводата, не сакам народот да ме види врзан.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЛУКОВ: Јас - да. Но ти - не. Токму затоа и не сакав да го прочиташ писмото.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- А, тоа не, - вели Сатирот. – Во вашите работи јас не сакам да се мешам, - им вели и си оди.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЛЕНА: (Задоволно се смешка.) Имате ли мајка?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Тој не гледаше и не знаеше, но и кога знаеше не сакаше да знае, кој затворник за какво дело лежи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЛУКОВ: Не може. Ако не сакаш да го носиш писмото, дај ми го.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беше упорен како река, ги донесе козите во градот заедно со луѓето и не сакаше да остане на пол пат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакаш ли госје? — Повелете, повелете. Како да не сакам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас во тоа време многу ја мразев баба ми и сите други зашто не сакаа да ми помогнат да ја откопаме мајка ми. Чувствував така.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Слушај, Љуба, бидејќи за да отпатуваме ни се потребни пари, јас не сакам денес да ги пропуштам сеансите, во два часот ќе дојде момчето, а потоа старицата, но, се разбира, на гостите треба да им се откаже, погрижи се за тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Зашто, ако не сум направила ништо за себе во последните 3 децении, во една ноќ сум влегла во десеттина кафеани, од која едната специјално ми ја отворија само за да влезам во тоалет, па пиев и вино место чај (а, тоа не сум го направила никогаш!), шетав во парк по дожд, разговарав скокајќи од тема на тема за да стигнам да раскажам сè, се срамев, не се срамев, сакав да заспијам, не сакав да заспијам и, во едно деноноќие, ги доживеав двата изгрева...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
• Скотоматизација. Не го гледам тоа што не сакам да го видам. • Замена Гледам едно наместо друго.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Исто така и „светогледот“ на уметникот на деведесеттите може да се сосредоточи токму во една изјава на Хирст: „Понекогаш чувствувам дека немам што да кажам - и често сакам да комуни­цирам со ова“.8 Ваквиот „став“ стои на другата хемисфера во однос на она мо­дер­нистичко „кредо“ што би можело да се формулира во: „имам многу нешта да кажам, но не сакам да комуницирам“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татко ми беше трпелив во разговорите со козарот, не сакаше да повреди ниту атом од неговата голема душа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе: „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ти мене самата ме вовлекуваш во некаква матна, леплива, ниска ситуација на чувствата. А јас не сакам!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Запомнете го тој збор ако не сакате на секој чекор да ве клоцаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Им се дозволувало и ним да влезат во редовите на Организацијата откако претходно ќе дадат заклетва, но никој од нив не сакал да положи заклетва.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во една од бројните примедби за проблемот на сексуалниот живот се зборува за „verga“ (membrum virile); меѓу другото Леонардо пишува дека тој уд, додуша, е врзан за човечката волја, но често има и сопствена и може да води сопствен живот без оглед на тоа дали човек е буден или спие. 236 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Чинговци беа месари, мезетеа месо и со ракија, чисто месо само печено никако варено; немаа ништо против и сирењето, особено јакото, како ни против суканото ако е мазник; додека спанаќ и други треви не сакаа ни да видат; а со очи ја јадеа рибата, од пржената пастрмка до белвицата на сач.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
КЕВА: Остави, остави...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не сакам совршенство. Здодевно е.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Застанати во ходниците, потонати во молк, се обидував да ја проценам искреноста без помпезни гримаси и сарказам, скандалозен перформанс би изгледал како лудило а сентименталните работи како баналност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сакаше да ме бакне; му реков да ме бакне; тој рече: „Не. Прво дај ја чашата“, рече каприциозно, инфантилно, како да е мое дете; почнав да се смеам, се смееше и тој, и јас се предадов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури и денес, кога веќе се затвори и книгата на неговиот живот, кога на сѐ му дојде крајот, можам да потврдам оти ниту една од неговите прелаги, а и да не ги спомнувам неделата, животот не втаса или не сакаше да ги осуди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Токо, едно сакам дедот Петко да му каже: јас не сакам од него ни лири, ни вранги, ни бели меџудии. Не су кобила да се продавам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Перса не сакаше да навлегува во проблемите на Чана, таа е задоволна што Пелагија ја прифаќа идејата и вечерава можат да приготват гурабии, алва а и некоја суканица, а свечениот ручек кога ќе се вратат од неделната утринската литургија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Петто: Никој не смее да рече: нејќам, не сакам и не можам.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не сакаше да се збуни, да ја издаде својата изненаденост, да биде уловен и од брат му, како што беше уловен од себе си во тоа ситно, мало, безначајно откритие. „Навистина, глупаво е да се сметам за зрнце песок, за отпор на твоите води.“ Неоскрнавената белина на новата превивка на неговата рака неодоливо го привлече погледот на брат му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Погледите секогаш ги вртат на другата страна, а слаткиот шеќер се топи уште пред да имаат можност да го вкусат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- А зошто? - Не сакаат да си играат со мене. - вели Малинка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За таквите таа не сакаше ни да знае.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Никако не сакаше одново да се качи во својата преполна чеза Сафет-ефенди. Ја турна Ѓулсиме, го клоцна коњот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите ги бараат своите најблиски: во тие стари чешки и италијански камиони што не сакаат да подзастанат сите трчаат крај камионите, се туркаат, се удираат, а оние кои паѓаат, остануваат да лежат поснопица, изгазени од навалицата... така ката ден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чанга, мудро, не се определуваше, оставаше да се искаже на крајот, не сакаше да брза.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сакаше, како и секогаш, да ја видиме со солзи на очите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаеш дека баба ти не сака да ѝ се валка!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А и тој не сака да биде ниту јагне ниту зајаче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не сакав да ти кажам ништо. Се случи сношти.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но тој се тргаше од настаните, не сакаше да им се врати прецизен и студено да ги измери; уште повеќе- времето тогаш стоеше, и тој, во такви часови, можеби само за еден миг, беше вон од тоа време, во беспростор, сиот во искинати сеќавања.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
КОСТАДИН: (По извесно двоумење). Не, не сакам жена за пари! Јас милувам, Симка од чиста милост да ми дојде, не за пари!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тој збор злокобно ми се сви во душата, а сопатниците не сакав да ги потпрашувам, иако тие минувале повеќепати по овој планински превој.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поздрав докторе! А што беа тие третинките, не знам и не сакам ни да ме потсетуваат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Толку цвилам што боли, а ти не сакаш да те обвинат за малтретирање животни.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ама, кажи, му велам. Да не сакаш да се пазариме, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, а јас не бев Столе и не сакав на таков начин да ме потсетуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сакам да одам во болница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Во Холандија поголем број луѓе сакаат да земаат МDМА, чиешто дејство трае два пати подолго и е со повеќе степени.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чувствував дека сама не сака да оди таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога тој не сакајќи се закашла голтајќи чад наместо воздух, човекот со лузната го погледна речиси зачудено, како да не очекуваше дека е сѐ уште тука.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бреза обично таквите работи ги обожава, но тогаш се заинати и рече: - Не сакам да ти помогнам!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никој не сака да пука напразно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој и храна не сака да ми пушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А пупката, која ја гледаше пред себе не сакаше да ја скине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не, ко некој што те запира на вечера, кој за ништо живо не сака да те пушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ете ти, на, се издиши старецот. - Внук ми се загрижил за мене. Се лути, не сака дома да оди. Го исплашил татко му.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Всушност, диспаритетот во моќта на пазарењето меѓу работникот и работодавачот е уште понагласен со енормната разлика во богатството и општественото влијание на договорните страни – но, нашите кутри судии, сепак, не сакаат да бидат социјални реформатори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Не, јас паметам, што ми раскажувале, првата држава била уште во илјадаичетиринаесетата година, Маекдонија со својот цар Самиол, кого не сакале да го крунисаат од Цариграда.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се сакавме како дивјаци. Толку ни беше убаво што не сакавме да запреме.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Меѓу основните услови кои таа требаше да ги исполни беше нејзиното богатство да биде барем легално стекнато у минатото затоа што Трпе не сакаше да има работа со проклети пари и да го прогонуе лоша карма, а себеси се сметаше за суеверен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Климент Камилски насети дека Татко како да го релативизира првичниот договор, сугериран според неговата замисла да се исклучат од нивните балкански јазици опасните османизми, но не сакаше да го прекинува, верувајќи дека на крајот, работите ќе се одвиваат според договорот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никому ништо не плаќате! Тоа многу убаво го знам јас, па затоа и дојдов со беговите и сејмените да соберам што не сакате сами да донесете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во еден миг хаос. На ќилимот во дневната се истура тенџерчето ориз и варен морков, зрната влегуваат во процепите во подот, а оние собраните не сакаат да се одвојат од прстите ни кога ги тресеш.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мусли бег не беше подготвен така брзо да го прифати предизвикот на Дамчета, но и не сакаше неговите да помислат дека се уплашил, па, не испуштајќи ја пушката од раце, рипна од коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Суз, бре, ќепазе, не сакам од тебе акал, - го пресече како со нож башмајсторот и му се скара дека ќе го испрати веднаш в село, ако проговори само уште еден збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпрвин само офкаше кутриот Сергеј а малку потоа богами можеа да му го слушнат гласот и оние Козаци што беа слезени два метри под земја; оние кои не сакаа да го издадат Императорот и да им се придружат на црвените.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој не сакаше да длаби во разговорот. Очекуваше инструкции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знам, вие не сакавте да дигнете рака, ама ете и јас грешив малку, сега пишман го правам, ама тој беше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега знаеше добро дека ќе мора да стори нешто, доколку не сакаше да остане да чмае наполно гладен среде тој снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа пак го избегнуваше. Не сакаше „пипер да си тура на раната“ да ја раздразнува. . ..
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
О, блажени, устата не сака да ми говори, раката одбива да пишува што нѐ снајде потем.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лудвик не сакаше ништо да појадува; рече дека појадувал во возот и дека одвај чека да одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веројатно скришум и тој ја споделуваше мојата радост, но не сакаше по никоја цена да ја покаже.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
— Добро, велам и ја вртам главата, не сакам да ми ги види солзите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во мојот кревет, во другата соба, око не можев да затворам од што ја пцуеше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Покрај јамата, селската пијаница Роза ја нафрла земјата како крст врз белиот чаршаф, јас на челото на дедо Васја го ставив ливчето со молитва, а во рацете му ставив икона.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А Мирковиќ не сака заклан. Сите да ги заколиш не ти признава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури гемиџиите и да не сакале, или да немале потреба од контакти со ЦК, самиот ЦК не можел да биде индиферентен и да не се интересира за сѐ што се случувало на револуционерното поле во градот, па и во цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Значи, ние не сакајќи да ги мешаме нашите интереси со бугарските ја даваме својата согласност и го озаконуваме постојниот ред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И учителот не сакаше да денгуби со него.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Сфаќам... Не сакав да те киднапирам Бојана! Александар проба безуспешно да се шегува.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На своите дванаесет години се потпишував со ЕМ, бидејќи никако не сакав да ја запомнам буквата Л, зашто таа на нешто многу лошо ме потсеќаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Остана уште неколку секунди да стои пред нејзината врата, несвесен за тоа што се случило.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Првин не сакаат да го остават оружјето. Ама го оставија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една голема вистина која не сакав да ја понесам на моето патување кон вечноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа, навистина, личела на остарен ангел, но таквиот ангел не можела да го види или не сакала да го види.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во сите нив направо ни се велеше: седете си мирно, оти ако направите брканица – не можам и не сакам да ви поможам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече: - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За народната српска интелигенција рускиот историчар и етнограф П. А. Ровински во минатиот век ја напиша оваа дијагноза: „Недоволно просветени, малку работат, не се грижат за целта, во ништо не сакаат да се задлабочат, склони се да ја фаќаат површината на работите и веднаш ја покажуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не сакаше да ја снајде судбината на несреќниот Караман.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се разбира, овие податоци за курбанот, како и многу други на Татко му беа добро познати, но тој, сепак, не сакаше да го прекинува Камилски: Курбанот, како обред на жртвување, потсетува кај православните и кај муслиманите на сојузот на Абрахам со Бога (да не се жртвува човек, односно синот Исак, туку животно).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не сакаше да има никаков емотивен живот ниту во средно училиште ниту за време на студиите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Молам еден, молам друг, никој не сака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Зар ќе дојдев да те викам ако не сакав- Брат ми Трпче тогаш на Килета му рече: - Да не сакаше немаше да ги наполни гаќите од радост кога баба ми му рече да дојде да те викне.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Биди разумна и остави ја жена ми. Вечер ќе дојдам. - Нема зошто, отстапила. - Ти си мртов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние не сакаме сечена елка. Ние ќе си посадиме во дворот жива.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно на офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Жртва на својата лековерна совест! Да, и на својот страв од војната во која не сакаше да учествува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По плоштадот претпоставив дека доаѓа мостот. Така си мислев и не сакав да продолжам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да не сакаат да ти ја зголемат четата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Јас не сакам да седам во оваа клупа! - рипна од претпоследниот ред Панче Василевски.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Надзорникот ме дрпна за рака. Јас се збркав... место „да живее“, само од устата ми излета „долу“... Верувајте, не сакав! Ама, ете...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
“ Вака никогаш нема да стигнам дома; мојата успешна лекарска практика е уништена; мојот наследник ме ограбува, но бескорисно, затоа што не може да ме замени; во мојата куќа беснее одвратниот коњушар; Роза е негова жртва; не сакам тоа ни да си го замислам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Мислите ли вие, им велеше командирот на четата, дека ние живееме затоа што немаме или не сакаме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
— Не можев, велам, не сакав и ти да се плашиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакам и ти да заглавуваш, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе ти кажам дека никогаш не сакав да те затворам. И ќе ти кажам дека ти ме расипа.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Не сакаш, ама не можеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Цел ден, уште од утринава. Мислев, можеби веќе не сакам да бидам собирач на смет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога порасна и дојде време да се жени, ниедна девојка не сакаше да се мажи за него. А и тој не сакаше да се жени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Паун Радевски не сака да чуе за враќање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Притоа ние не сакаме туѓо, а си го браниме своето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако имаш едно благо да ме почестиш добро, ако немаш остави. Кафе не сакам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мајка ми свето се грижеше за неговите книги, но никогаш не сакаше да навлезе во нивните светови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и некој простодушен народ сме: не сакаме и со душманот да се замериме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто не сакаше да се замери, но и со волја ја работеше работата:како што го слушаше кљакањето на секирите во шумата така му се чинеше оти е во брезничка планина, со свои луѓе, по дрва, како што имаа обичај групно да одат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не сакам да одам таму.“ „Во Венеција?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Марија не одговори. Таа не сакаше да ѝ каже на мајка си дека тоа влијание на родителите е посилно од него...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се шушкаше по ќошињата дека Ване и Ганка се во љубов иако и мајка ѝ и очувот не сакаа да чујат за Гавранот туку бараа зет што има занает в раце и - дуќан! Зошто и дуќан, не знаев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Исто... ама не е (баш) исто Модерните печалбари, се делат на две категории: Првата, се оние кои доаѓаат овде, вегетираат у хибернација скоро четири години, не можат или не сакаат да се снајдат, ставаат пасош у џеб и штикла.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Иако можеше, не сакаше повторно да се врати во студентскиот дом, каде ја врзуваа спомените на оние со кои полета кон облаците и оние со кои го допре дното.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дејан велеше дека никој не сака да ги чита списанијата на секретаријатот, од едноставна причина што се премногу досадни.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко на тоа доцна се сети, но, сепак, не испушти да рече: На здравје, на здравје, мој Камилски, колку и да ни е кревко здравјето во овие години, останало малку младост во нашите души.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овојпат не избега кога ја погледнав, туку продолжи така лудо да ме гледа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неколку дена заедно сновеа, заедно пееја. заедно мечтаеја и борбени песни пееја за Македонија, ама остана лути многу разочаран кога виде дека командата на македонската војска од вардарско одби да ги прими младите Костурчани кои масовно сакаа да ѝ се приклучат и се чудеше и се прашуваше и себе си и другите зошто некој не сака да се направи една македонска војска?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му понуди убава плата, но Едо, колку понудата да му изгледаше привлечна не сакаше да се реши додека не се врати Марко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми бидуваш ли? – отворено праша Луман и му се загледа на деда Бошка јатак да биде не сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но, далеку од факти, ваквите генерализации за геј- мажите биле обични заблуди – на пример, дека геј- мажите се модни зналци или познавачи на дизајнот, дека се мераклии да се облекуваат како жени. ‌Џон, вели, цел живот се борел против тие стереотипи и не сакал да гледа како сега нив ги поткрепуваат и високообразовни установи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Не сакам да сум на ничиј грб...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
По самото негово држење видоа дека знае, но не сака да каже, затоа мудурот му намигна на јузбашијата и му проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но тоа варира од место во место: на пример, во Германија не сакаат МDМА бидејќи те изнемоштува, вниманието попушта.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
СПИРО: А! Саглам саатови имаат. И, како многу не сакаат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
-Ова го правам за твое добро. Сигурно не сакаш да бидеш мртов.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Носат знамиња, пароли на кои пишува: Не сакаме скапа технологија.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Подоцна ништо не сакала да јаде, сѐ помалку јадела, понеколку трошки леб јадела дневно,за да не им биде товар на нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Вие значи морално бевте со него? - запрашав неочекувано.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еразмо првин се изненади од леснотијата со која старецот се одвои од својот дијамант, но веднаш потоа се прибра и рече: -Не, јас не сакам материјални богатства.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми се плачеше од мака. Не знам дали повеќе поради тоа што ја фатив дека ме лаже, или поради тоа што не сакаше да го носи мојот толку прекрасен прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А дали ќе се плаќа работата, праша некој, што ќе се добива за работата. - Ќе добивате леб, вели војникот, а ти да не сакаш и чин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Луѓето не сакаа секакви, децата невиноста ја имаат на малото прсте.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе поради мене. Не сакав да живеам во него уште еднаш и ( не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно и каде) не ти реков ни збогум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби сега ви е појасно зошто не сака да се ожени со една, не ќе смее да се преженува со онаа другата, што доаѓа по неа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ја прекина мислата, ама таа му се мешаше со другата, со недопирливата, која во мигот не сакаше да ја сподели со Татко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се разбира оти се зачува само она што можеше да се зачува и што не сакаа да ни го земат, зашто не им беше нужно и не беше опасно за нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му реков дека не сакам и дека сакам да одам дома.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Долго време не можеше, но и не сакаше да им верува на западните радиостаници, дури и на Би-Би-Си, што кришум ја слушаше особено по нашето заспивање, дека помеѓу Тито и Сталин се случува нешто историски сериозно и дека Југославија ќе биде исклучена од братската социјалистичка заедница!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Понекогаш помислувам „Не сакам да бидам како Херберт“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но и овој пат Татко не сакаше да влета во Мајкиниот италијански сон, макар што и тој беше присутен во него, на одреден начин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Ако е за право, и јас не сакам кај било.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Филмовите ги консумирав понекогаш по трипати на ден. Одев и на кино утро. Ми требаа кино информации. Не сакав да имам непознаници.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, кога виде што ќе види глувци пеат оро вијат од мачорот Тошо не сакаат да се кријат.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Исто така, ако не сакаме никакви реформи, можеме да ѝ послужиме и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Но тоа било пред сто, пред двесте години, лудо! - И пред илјада да било - не сакам! - упорничеше Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сакам веќе да збори!... Ќе му ја растурам целата муцка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сакаше да го пренебрегнува сето тоа, но често немаше трпение.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И, сѐ беше преубаво, до моментот кога мајка ѝ не можеше веќе да го поднесе тоа што невестата не сакаше да бакнува рака по цела сала туку, по скопскиот обичај, помина со сребрени чаши, полни со шампањ, наздравувајќи од гостин на гостин.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Татко ми не сакаше по никоја цена да го прими.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никогаш не сакаше ловот да му биде таков, каков што можат да го сторат најсреќните околности, бидејќи многу ретко се случуваше тој да наиде токму онака, како што се сонува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Алексеј го запишав во училиште! Почна да станува човек.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ми пречи кога ќе ми се обрати некој почитуван психијатар, кој претходно ме нападнал во јавноста со зборовите: „Тој така зборува пред децата, а ние сме на истата страна во борбата против страдањето“, и испаѓа дека тој има ќерка од осумнаесет години која „одлепува“, и за која тој не сака да им падне во рацете на полициските психијатри и да добива електрошокови. Margina #21 [1995] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа не сакаме да гниеме, да ги браниме избеганите генералски никаквеци. Говореа, беа селани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но стана толку пребирлив, тој Мацко, што веќе не сакаше да јаде било која салама, а леб - ни случајно.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„Што сакаше да ми кажеш за девојката?“ прашав. Како да се изненади.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето умираа затоа што не сакаа да се откажат од своите верувања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така: го сакам, а не сакам да го сакам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Убава работа, велам, да не сакаш орден?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, дури и така растревожен тој сфати дека не сакаше да ја размачка белата хартија со тоа што ќе ја затвореше тетратката додека мастилото беше сѐ уште мокро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постапив според една поука од детството: Ако не сакаш да го видиш ѓаволот затвори ги очите; а ако не сакаш ни да го слушнеш затвори ги и ушите!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога странката која е повикана да ја поднесе исправата одрекува дека исправата се наоѓа кај неа, судот може заради утврдување на овој факт да изведува докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Можеби мислиш... Да не сакаш да кажеш дека Хелвиг може да ми го одземе детето?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас само не сакам да го усмртам вашиот син и тоа е сѐ. Затоа сум овде.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Но новите управници во Бугарија ни велат: тоа е Русија крива; Русија се плаши од една голема Бугарија и затоа: таа го кладе Фирмилијана, таа сега не сака да ѝ даде на Македонија автономија, таа не нѐ остави нас да се подготвиме и да војуваме со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вели: „Палам цигара од цигара оти не сакам да си го загубам жарчето!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вели: - „Жална мајка и на мртво дете се радува“ , велеше Лазор Ночески и му кажавме на босот: вака и вака: О л ’рајт штом е така - одете, ми вели, оти многу не сакаше дека не му забушававме, ама патот не е одовде донде, преку широка вода оди патот, ни вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакам да ме видат селаните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој со никого не сака да се сретне, да си помогне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ГАЛЕНИЧЕ ПОЗНАВАМ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ, една мала Тања, една убава Тања, а со таа Тања децата не сакаат да си играат!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И Бахтијар нареди узбуна во маковските ливади та и тој тргна со своите две илјади Анадолци кон Маргара, со таа разлика што тој беше поблиску, та уште в зори се најде под самата чука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не сакам туѓо“ со горчливост рече Осип Сечковски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И на тој, по малку перверзен начин, простите консументи на уметноста се претворија во уметници - свесно избрале дека не сакаат да бидат само пасивни набљудувачи, туку активни учесници во создавањето. превод: интелектуална кооператива Изрод 152 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ни прават општа дезинфекција, што се вели, не сакаат болест да носат на бродот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакам да заборавам, целиот живот ќе се сеќавам на една бела зимска ноќ, на хармонијата и виртуозната слобода на снежните кристали, кога се заколнавме на вечна љубов која ќе трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа знаеше што барал под креветот но не сакаше пак да го потсетува на случката и да го срами.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се наведна, не сакаше да ја испитува темнината под нејзините очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Јас не сакам! - Ни јас, - рече друг. - Ни јас!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да го менувам партнерот постојано, не сакам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Веднаш си заминала не сакајќи да ја видат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Едното го замижува, а со другото го гледа. „Доксим Тренчески е толку скржав“ , еднаш рече Лазор Ночески, „што и гревот свој не сака да ти го даде“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаше села, цели краишта само со наши луѓе и не сакаат да слушаат на грчки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакам ништо”, ѝ рече на Калија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Татковиот пријател беше обземен од прашањето: како христијаните, Евреите и муслиманите можеле да живеат заедно, дури во иста политичка заедница во меѓусебна толеранција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој рече дека така секогаш правел, зашто не сакал да оди секој час угоре-удолу како оној Методија од Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Никој не сака да признае дека драмите, па и валцерите денес имаат намалено значење и вредност - како издишана гумена топка среде сласта и страста на детската игра.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И затоа - за да се фати контактот, да се лоцира, а не да се пришива! - откинатиот опаш - Вулкански го даваме во “оригинал”, на (сф)рјугословенски.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Камносаното тело небаре не сака од земјата да се двои...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не можам! Не сакам! Незамисливо ми е“ рече Томе малку возбудено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не сакајќи можеби да го повредат, тие всушност непотребно му го усложнуваа и загорчуваа животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Плашејќи се одново да започнат со веќе ризичната трговија, и не сакајќи да ги изложат животите, истата година се доселија на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури обратно. Ми се чини, тој не сакаше работите да се свршат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дури ми ја пееја „Кој да ти каже, Ивана“, како сите да криеја нешто, а тоа нешто што не сакаа да ми го кажат лебдеше во воздухот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И... не сакам никакви разговори околу тоа кој треба да биде убиениот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас бев фатен како во стапица - не можев и не сакав рамноправно да се карам, а не можев ни да одмавнам со рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој не сака, како што коментираат хроничарите, да го мине Рубикон: бара враќање на бегалците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таму надлежните не реагираа, не сакале да го будат Водачот за оваа локална мешаница, впрочем тој и не се занимаваше со козјиот проблем, којшто повеќе спаѓаше во доменот на главниот идеолог на партијата и стратег на системот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали треба да ме загрижува ваквото непресметливо однесување на мојот ум?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мирче: А, не, не сакам да играме лекари со тебе! Сашо: Ама зошто? Нели рече...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поправо, сега веќе кај работниците не е во прашање нестрпливост, колку амбиција - сакаат да имаат успех, никој не сака јалов крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- А, вие, да не сакате да умрам за да ја „лапнете“ куќата во Влае, а? - шеговито додаде и ми намигна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Има и едно последно сообразување - не сакам да му причинам задоволство на непријателот да се гаври со мене, да ми се подигрува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сепак го тиштеше причината... Не сакаше отворено да ја праша...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Станкоските и сите други кои живеат во Дупка, ако не сакаат да заобиколуваат толку многу, ќе мораат да си разгазат нов пат - овдека, над училишниот и општинскиот ѕид и накосо по падините на цел Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа не сакаше, не можеше да го прекине возвишеното чувство што ја имаше целата исполнето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но Трајан не сакаше да мине тоа така глуво, туку зеде свирки и тапани, ги собра роднините и пријателите, и кога ја донесе дома, направи свадба: се тресеше куќата, се кршеа прозорците, се вадеа вратите за да влезе свеж воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јас не знам и не сакам да знам што би станало ако сето ова, ако не се докрајчат овие измачувања, овој...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Турција може и не сака реформи, но сакаат тие што го изработија проектот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој не сака да си го растури огништето, тој само нуди да ѝ го збогати животот со мајчинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои јадења што не сакаат џвакање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Обично носам хигиенски чаршафи за кината - помисли само кој сѐ можел да седи пред тебе на седиштетето, и колку пати, и каков вид на некоја ужасно гнојна бактерија мора да се наоѓа во сите оние древни капки од карамела и кока кола и пуканки со путер - но не сакав да помислиш дека сум настрана или така нешто на првиот состанок, такашто не ги понесов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаевме оти со тоа нешто кажува, ама не сакавме да знаеме што кажува и затоа не му верувавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Впрочем, и самата се изменив, повеќе не сакам да ми телефонираат од дома и да ми кажуваат страшни работи, на пример на Осиек дента паднале 500 гранати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не, не сакав да ја поткренам главата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И учителот не сака да денгуби со него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не сакаат да чујат. „Ако сакаш да бидеш убаво пречекан, велеше дедо, оди кај сиромав и онеправдан човек.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше тоа еден заеднички поглед на човек до кого не сакаше да се добереш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе заради мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дедо Геро не сакал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра стана снаа на Стоја Цуцулов, а Толе — најстар негов син и продолжија да си живеат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
НЕДА: Јас не сакам да останам сама дома. Ќе дојдам и јас со тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повторно бев и кај Мајкиното прво враќање во родната земја, кога и таа беше скршена длабоко во душата, од нешто за коешто не сакаше да ни зборува до крајот на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеше секако да се разбере Махмуд Дарвиш, поетот кој постојано тврдеше дека не сакаше да биде разбран само како поет на палестинската кауза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А кога е осамен, а не сака сам да биде, ќе почне да си зборува со себеси: се борев, прашува, се бореше, сам си одвраќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заклетвата обврзувала да му служат на едно дело чии принципи за нив, биле, во основа, неприфатливи и не сакале да се борат за нивното реализирање.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но набргу ете ти несреќа: ненадејно се сруши еден ѕид од куќата и го потфати Ѓеро; го извлековме здробен од камењата: го исплакавме и побаравме оштета од фирмата; фирмата не сакаше да чуе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но таа не сакаше ниту да чуе, и во мене се јави првиот гнев од одбивањето, толку карактеристичен за младите мажи кои сѐ уште не преспале со жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го гледам, бате Николче, како божем си срка од пред него и мене ми вели: - Јас си сркам. Ти не сакаш?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа може да се протолкува како „Јас не сакам да си играм. Мене оваа игра не ми се допаѓа“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Работата почна приближно вака: револуционерните занаетчии на доцната ренесанса веќе не сакале да му дозволат на бискупот да пропишува „чесни цени“ за нивните производи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не ми требаше многу време за да ја грабнам облеката, бундата и чантата; не сакав да потрошам премногу време на облекување; ако коњите побрзаат како на патот за ваму, ќе скокнам, така да се каже, од оваа постела во својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но не сакав да верувам дека во срцето на тој што го сакав имало место за такви чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Навистина, над неговата камилавка недостасувал свет и блескав триаголник што ќе бдее над грешниот свет со око на духот светопресвет од кој затруднела мајката Исусова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Војник не сакаше да им оди, а таа кутрата, господ да ѝ прости... - рече Божана - ѝ се стегна грлото и дури одкако ѝ потекоа солзи од очите, бришејќи ги, изговори некако:- Се обеси.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не сакав да го кријам предметот во плакар и не сакав намерно и одбранбено да бидам нејасен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа раскајување е влезено длабоко во душите на сите Руси, кои сега не сакаат ни да чујат за некакви „братушки”, а особено за Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А татко ми, на крајот, доследен кон своите принципи, не сакаше брат ми да го спречи да стапи во партијата, но потајум во себе страхуваше синот да не се внесе премногу во ветувањата на партијата, по него да тргнат и другите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А Француската влада не сака да прими одговорност од таквиот ризик.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Единственото спокојство е надежта, дека можеби ќе те најдам и можеби ништо повеќе нема да ми изгледа толку мизерно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сакам за ова веќе ништо да чујам! Ти него веќе никогаш нема да го видиш!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
33. ОГАН И БАРУТ НА ЕДНО МЕСТО СМЕ КЛАЛЕ - кој во тоа не ги гледа мажот и жената лично, и не сакајќи тие некогаш сѐ од себе би дале да стекнат својство на такви експлозии слично...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Луѓето повеќе не знаат што сакаат, полесно им е да кажат што не сакаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, ни во сонот тој не сакаше да загуби ниеден миг од времето, во кое можеше да работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој не сакаше премногу да се знае за него. Другите полесно даваа изјави...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сакаше, во животот, никому и во ниедна ситуација, да остане должна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Јас не сакам да гледам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А Ване излезе со теглата в раце, барајќи го првиот камен на кој место да се сопне ќе ја скрши на парчиња, не само невидливи туку и такви што не сакаше да ги види.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Остани тука! Ама јас не сакав да го послушам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дури ниту мама не сакав да ја погледнам, кога ме замоли пред директорот и пред моите наставници да бидам пристоен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не сакаме да истлееме, а огнот да не се види.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не гледаш? – свика татко ми. – Ни влакно од косата не ѝ недостига, а ти тука паѓај во кома, избезумувај се, баш ѝ е нејзе гајле за нас. – Срам да ти е! – ми се вдаде. – Оди легни си, не сакам ништо сега да знам, утре ќе разговараме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сакаме да го расипеме и го закриваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе оставиш да биде што ќе биде. Ако не сакаш да ја расипеш магијата“, ѝ рекол тој учениот на таа царицата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не дека беше имун за елегантност и дека не сакаше да менува повеќе одела, туку просто речено: не можеше да ги пушта нозете повеќе од што му беше чергата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога Дино и мајка му завршија со ручекот се извинив и отидов во тоалет за тивко да повратам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не сакам веќе да се вратам... Не е можно повеќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Па нели си ти храбар, Зоки? - Јас сум храбар, чичко, но моите прстиња се добри. Не сакам да ми ги накажувате.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Прости.“ Чекорев зад неа. „Не сакав да те навредам. А ако пречам во куќата, ќе си одам. Можам да спијам и на својата кола.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сакаш никого да навредиш! И веруваш дека тоа е најдобриот пат да се втаса до праведноста, му забележа мајка ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
БОЖАНА: Дека немаш, така зборуваш.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А орлиштата се собираат да ги пречекаат, секако овде, над нас. Знаеш ли сега зошто?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во договореното време дојде кај Рада и не сакаше да губи ниту минутка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„И јас не сакам така“ реков, „ама, ми се случува, одненадеж ми доаѓа, ме тера... морам...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„А ти, мали?“ му се обрати. „Да ти најдеме нешто?“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никој од нас не сакаше на ваков ден надвор да излезе со женска шамија преку глава. Та нели машки бевме!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бошко се врати дома проколнувајќи ја својата судбина која го доведе до ова да постапува како што не сакал и да прави што не е за правење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Првпат некое момче да ми пишува! Го прочитав писмото и сакав да ѝ го вратам на девојката а таа не сакаше да го земе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од грлото, не сакајќи, му излета извик.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, гладот го мачеше и тој, сака- не сака, тргна по селскиот мачор, кој своето име Ловџија не го беше добил без заслуга.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Има луѓе на кои некои од нештата им се привидуваат со поинаков облик – еден човек гледа како облакот испружа рака кон него, една жена се плаши од дупките во тротоарите, затоа што во нив гледа отворени усти, една девојка гледа дека нејзината сосетка има глава на стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иди кога ти велам. Да не сакаш со кокошките да си легнеш? Таман работа, - го подговараше Рангел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Игбал седеше крај мене и тогаш сфатив дека бил цело време тука, само што не сакал да ме вознемирува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ученичките што го викаа „срцушко!“ и не му беа некоја мета.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас му реков, иако можеби не требаше: - Ако не сакаш, не доаѓај. - Зашто да не сакам- ми рече тој.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Височината ја договоривме со владата, не сакаат никакви изненадувања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше тоа најдолгиот, најтажниот и најнесреќниот месец што дотогаш го познавав. Но, не сакам сега за тоа да зборувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак, решив да имам дете. Не сакав и јас да бидам убиец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Полунасмеана. По малку лута. Ама жива. Парализирана. Ама жива.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никој не сакал прв да стане предавник и да се склопча во лушпата на сонот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се удира по гради и вика: „Јас не сакам војна со Србија, јас никогаш не исках војна со Србија, вика, јас сум за Стамболиски, И теј нататак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакам веќе никој дури ни да помисли да слегува долу, во тие проклети одаи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа не можело да се крие, а тие, особено Шатев, не сакале да го кријат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зошто уметникот се согласил на овој сојуз, кој ги изненадил дури и неговите најблиски пријатели, кога неговиот презир кон бракот бил добро познат?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се најде во голема дилема.. не, Нина е многу зборлива, може не сакајќи да ја открие пред другите неговата реакција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Така, вели пашо.“ „И?“ „Не ми дадоа калуѓерките да ја видам. И таа не сакала. Не познавам ниеден Турчин, рекла, нека си оди!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Како напредува Алексеј?“, прашувам јас, најмногу за да ги одложам непријатните нешта или да го свртам разговорот кон помирни води; сѐ ми се чинеше дека татко ти е затечен, можеби и збунет од посетата но и од директниот настап на Иван Степанович па смислуваше некои објаснувања во врска со оној проклет Корпус, но не сака што се вели прекутрупа и необмислено да истапи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
— Јас не сакам кај било...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вас ве побарав зашто слушнав дека сте биле добар работник“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа парцела во гробиштата во Бристол Илко ја закупи со госпоѓата Ана што ја запозна во бањата во Бристол каде што се лечеше од реума и која го зеде да живее кај неа и која го засака толку што не сакаше и по смртта да се раздели од него, та закупи парцела за гроб и за неа и за него - еден крај друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Моите мисли едноставно не сакаа да ме послушаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- О, а сакаш ли да ми раскажуваш? Татко ми никогаш не сака да ми раскажува, а јас многу сакам да слушам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А ако тоа уште не умее да јаде?! А ако тоа не сака да живее со луѓе?!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мораше да му верува на Танаско за тежината, само не кажа во врска со што ѝ го споменал името и не препраша оти пак не сакаше да ја растура тежината што останала во Танаско.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не сака само исти молби.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, долго време откако мојот татко загина, мајка ми дење спиеше и не сакаше да излегува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не ми треба се за да те љубам, ми треба само твојата љубов, тоа е се што ми е потребно за да живеам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Така мало, а знае што сака, што не сака, реков јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не ѝ зедовте слика, сакаше да праша и не праша, не сакаше да се сретне со зажарениот поглед на богословот. Тогаш...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И во пеењето – спомен, ја има Фанка која бери грозје лисичина и падарчето кое ја фати, а не сака бакшиш пендолира, туку сака, леле, црни очи... и калеш Донка и Калината руса коса како тељови за тамбура и лулашката на Ѓурѓовден и...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Замислете си некој со вас да не сака да се дружи и сите да ве избегнуваат како да сте чума.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа, ќе се напијам и ти се молам не сакам никакви сцени... (Оди кон излезната врата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Почна да собира порез, прирез, да собира војници, а требаше да оди и потера, оти собраните витолошки „Б'лгари“ не сакаа да одат да се бијат со својот „б'лгарски“ Војвода Јована Ѓуровчето, кој заедно со Гурлука и други „патриоти“ се врати во своето Мариово летото 1913 година со голема чета и дојде во Биновиот реон — онаа пуста Опстраница. каде што се Сукаловите колиби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Властите не сакаа по никоја цена да избрзаат со акцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сакам со лошите мисли да го оставам насамо. И настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но ти не сакаш да чуеш за тоа.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Но, тој очигледно немаше таква намера.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде – рече и ми ја подаде раката за да ми помогне да станам. – Ќе те одведам на една прошетка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. Не знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Секако“, реков, „сакам, утре ќе ти го вратам.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да му даде за право што не сакаше да ѝ ја исполни најголемата желба во животот, да заминат во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гапка кај него ги чува клучевите од оставите и од подрумите; клучот од големиот сандак, што стои во неговата соба и од средишната остава Иван Иванович го носи со себе и не сака никого да пушта таму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Трепериш пред нив од страв а не знаеш дека тие ти се смеат но не сакаат да го покажат тоа бидејќи таквата постапка може да им го измени ликот на поубаво а тие само како грди се почитуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Камилски внимателно слушаше, одвреме-навреме бележеше во нотесот пред себе, макар што имаше да каже свои забелешки за милетот, тој не сакаше да го прекинува Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие нозе не запираа, не сакаа и не можеа да запрат во заедничкото движење во малото квадратесто шеталиште.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И јас уште повеќе му ја пребарувам главата: не сакам да го делам со вошките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакаше да ми каже кој ми е татко. Со кого ме зачнала.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Писателот што ја поседуваше книгата му рече дека книжевните пикантерии не сака да ги дели со други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Срнчето не сакаше да се обѕрне ни на неговото сено, ни на неговиот леб, тоа не сакаше да ја погледне ни солта, што тој по малку пак долго се мачеше да му ја подаде на својата дланка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш солзи ѝ потекоа, но не сакаше тоа да го види мајка ѝ.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не сакам луѓето да помислат тоа што не треба“, рече некако налутено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да не сакаш да те научам и азбука?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сакаше да знае ништо за тоа дека внатре веќе не остануваше ниедна трошка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Александар: Но, почитуван татко, јас не сакам кралство кое носи богатства и раскоши, туку кралство што ќе ми донесе: борби и војни и дела полни со слава и чест!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тодора се прекрсти кон исток и рече: „Не сакав моите деца да имаат татко Турчин. Затоа, мил оче“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така велеа луѓето што не сакаа да останеме кај нив.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Благодариме, благодариме тетко Анѓо, - шепна Коле. - Не сакаме... Само дојдовме да ви се извиниме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Војниците не сакаат да слушаат докрај: крцкаат со заби и ги гмечат летоците фрлајќи ги под нозе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Но јас не сум историчарот во стихови на Палестина! Ниту сакам да бидам симбол. Не сакам да го носам тоа бреме!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ниту еден ваков поразувачки доказ не можеше да ги спречи младите филмаџии да бараат пари за филм, во услови во кои седмата уметност се третираше како луксуз и очајно чуваше небаре кинеска ваза: не користеше никому, но светкаше присутно за да некој, понекогаш, не сакајќи ја оштети...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
СОЊА
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Насекаде и во сè го гледав призракот на измамата. - Не сакам повеќе да играш во театарот, - ѝ реков еден ден.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вака имаш само собирање до четиринаесет или до триесет и едно. Можеш да „лежиш“ и на помалку.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Особено она, петлено, не сакам да се најде во тавчето на некој градски гладник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Совет: внимавајте и немојте никогаш да ги мешате со алкохол, освен ако не сакате да го прекратите животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Станковски исто така не сакаше да менува ништо, ниту лексички ниту синтаксички.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој не можеше да откаже, тоа не му го позволуваше ни оној ведор, ни за ронка нестивнат метален порој, кој не сакаше да знае за никакво запирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше вечер кога се најдов во „Сите“, и пред „Нотр-Дам“, која ме фрапираше со својот огромен портал и величествените столбови, и на кои се држеше огромниот покрив на црквата, на кој беше потпрена големата камбанарија која, кога ја видов, не сакајќи ми ги одведе мислите на некогашниот нејзин ѕвонар Квазимодо и на неговата Жералдина, од романот на Виктор Иго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го пуштам... Уште една глава која изникнува откај скалите!... од ќошето...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По една две години Стале соѕида и конак. He само свети Илија да има меќан над глава, ами и тој, како негов застапник на земјата, не сакаше да спие во колипката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе одговорат нашите: зашто Турција и Европа не сакаат сериозно реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А јас, не сакајќи, на глас ги соопштувам работите што ме мачат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За породувањето на Рада не сакаше ништо да ризикува, иако имаше направено над илјада породувања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Големиот Ристан многу добро чул како инженерот рекол по него дека не сака да го види повеќе на ова градилиште. Големиот ја загуби работата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Губи се! Не сакам повеќе да те видам!“ – му рече таа и му залепи шлаканица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ене а златната, нѐ чека, — му одговори Толе и покажа со глава кон Сливина(Планината со густа борова гора), која ги чека сите оние што не сакаат да го ведат грбот и да ги собуваат шалварите на заповедите од Мефаила и другите властодршци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не сакал да го открие значењето на записот, оти ќе ја изгубел одајата на гревот и блудот, во која ја водел, секоја ноќ, малоумницата на логотетот, за наслада своја и на нечестивиот, што од ѕидот ги гледал, како трет во ѕверството страсно нивно!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Никој не сакаме, - рекоа речиси сите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Благица молчеше. Да ја излаже мајка си - божем не видела, не сакаше, а да ја каже вистината се плашеше од тоа што ќе рече мајка ѝ.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не сакаше Васе... - Да, тетко Анѓо, не сакав, верувајте не сакав.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама не го знам името на плоштадот, како навистина да бев пристигнала на плоштад во Будимпешта и се бев загубила зашто не му го знам името; таму каде што едно име е еден плоштад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Среќна сум и горда на себе што, покрај сè, никогаш не потпаднав или се претопив во ниедна од тие групи луѓе, а сепак научив многу дружејќи се со нив, сакајќи или не сакајќи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мислам дека го избрале најлошиот начин ближниот да го поштедат!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, — му одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој — Бешот — Толе да влезе во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вели: „Јас навистина имам потешкотии, а никој не сака да го сфати тоа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како и сите други, веќе неколку дена се немаше измиено и пресоблечено и одвреме-навреме од студ не ги чувствуваше нозете спакувани во чизмите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но со тоа јас не сакам да кажам ние да престанеме да идеализираме и да живееме со народни идеали.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сакам да се навреди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа никој ништо веќе не можеше да измени. Не можев, не сакав да поверувам!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не сакаше да признае додека го слушаше брчењето на комарците: Јана не беше како сите други, дури како и онаа Марија, неговата последна љубов, нејзината младост сѐ повеќе го жежеше и го фрлаше во очаена осаменост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не сака в лице да ги угрее да ги погледне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И, како што градот се ширеше, така гробиштата беа сѐ подалеку - живите не сакаа да се смешаат со мртвите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ти се дига? Ако не сакаш, не мора да одговориш, само немој да ме лажеш.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оливера Поточка пред сите кажува дека е трудна и дека не сака овде да го роди, а на Филип Хаџиевски одново му се одзема умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакав да земам слика што има врска со самиот конфликт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не сакам да сум пријавен на минималец.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не сакаат да си го расипуваат спокојството, зашто неработењето за нив е спокојство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Зарем не уживаш затоа што си жив? Не сакаш ли да чувствуваш: да речеш, ова сум јас, а ова е мојата рака, ова е мојата нога.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никој не сака да му кива во вратот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сега гледав во оваа Амалија која немаше ништо заедничко со онаа Амалија, немоќта на оваа жена која умираше ме потсетуваше на мојата некогашна немоќ, а јас не сакав, или не можев, во себе да го разбудам ѕверството кое во себе некогаш го имаше таа и со кое ме тераше да тонам сѐ подлабоко и подлабоко, ѕверството со кое – ако го разбудев во себе - навистина ќе бев нејзина ќерка не само по крв, ѕверството кое требаше да ја натера да страда заради сопственото ѕверство, моето ѕверство кое требаше да ужива во нејзиното очајно каење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Не сакам отсечена елка, - рече Билјана.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Како мртов? и не сакајќи, допрел дланка до преврзаното око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Бакнувајте! Венчето и иконата... Кој не сака, нека си оди! И партиските исто, бакнувајте! - наредуваше таа. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 73
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако не сакаш мачки, ќе мораш да се навикнеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но зар и Јахја-пашината џамија не сакаше да се мери со нив?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не можеше да се прибере во онаа своја колната притаеност за ништо на светот, не сакаше да се скамни пак во таа подлипната замолченост, бидејќи тоа сега би значело уште едно умирање во тој ужасен студ и во таа сивина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се разбира немоќниот волк фатен во стапицата на крвожедните ловци би требало да асоцира на судбината на владетелот кој по никаква цена не сака да се оддели од власта, штитејќи ги малите немоќни волчиња, односно народот, според логиката на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раскажуваа, на моменти со носталгија и незадржлива патетика, на моменти со занес, од кој никој не сакаше да ги оттргне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко не сакаше да го наведува својот пријател да ги отвора длабоките рани во душата од кодошкото време на Голи Оток, но тоа беше за него и еден вид исцелување на големата болка пред верниот пријател во животот: Во животот засекогаш се уверив од искуството на Голи Оток дека нема поголем човеков грев од кодошењето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога навечер, по враќањето откај сарајот, не можејќи да се скраси в постела, нервозно шеташе нагоре-надолу по плоштадката пред Капан-анот, која дење се полнеше од трговски договарања и преговарања, тој избегнуваше да се сретне дури и со Марин Крусиќ, зашто сега со никој жив не сакаше да ја дели својата болка, како таа единствено да му остана од Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ние свивме глава и не се викавме Срби за да не го налутиме агата. Тој не сакал да се викаме и Бугари; и Бугари не се викавме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сакам да се чуе дека офкам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Симон Наконтик, в темница уште повретенест, стоел над него, веќе чекал да биде повикан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А за да го убеди началникот оти навистина се посрби, почна да ги брка своите селани — воени дезертери, што не сакаа да се борат против пријателот на Бугарите — Австроунгарија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никогаш во животот не сакав да пијам лекарства за смирување, но сега морав.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сандри не сакаше да му каже на непознатиов за една чудна слика што му се појавуваше често во свеста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марија не сакаше да мисли на тоа. Ноќе, скриена од темнината, тивко си поплакуваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- И не спомнувај му го името, ако не ти треба, ако не сакаш да го видиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога вечерта останавме сами со Дино во нашата соба, тој не сакаше да разговара за ништо, тврдејќи дека е многу уморен од работа и дека не сака да се занимава со глупави женски караници.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но не беше помината сосем на негова страна, не сакаше „да засмрди на турчовина".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Да не сакаш да си играш со главата? - предупредувачки забележа Киро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не сакајќи да покаже страв пред неа, појде кон вратата; се сопна на триножецот, и застана, тивко прашувајќи кој е.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие како да не сакаа да го признаат, не сакаа да го напуштат родниот крај без оглед каква цена требаше да се плати за тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој нема да ми каже, не сака да знам. 68
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И мајка ѝ на Велика оди по нив. На ти ова. Не сака. На ти она, пак не сака. А тие чапји: викаат, бараат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакам да бидам само пожарникар. Гаснач на пожарот, што самата го предизвикувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гала со него се сплетка и потоа глава не крена – на многумина голем ќеф направи, но после тоа со Германецот, никој за жена не сакаше да ја земе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Бојан не знаеше и не сакаше да се задлабочува во тоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кој можеше да биде овој човек и зошто Вера не сакаше да се сретне со него? - си мислев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пеце се погледна со децата. Виде дека ниедно од нив не сака да биде дете на најгазда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Растеше со променливо здравје: некогаш засилено удирајќи со главата во босиците од мајка му како јунче не можејќи да се насити од цицање, а некогаш не сакаше да цица и постојано плачеше без престан и дење и ноќе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја земав тетратката. Јас и не знаев што е тоа лексикон, ама не сакав да ја запрашам, не сакав да се покажам пред Анче колку сум прост.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како Јован што беше мерактисан на Велика Бендерова, така и Тоше ја имаше „обесено пушката" кај Митра Мачкарова во Градешница, но тој немаше кураж да ја прибере Митра кај себе, бидејќи нејзиниот Трајко не сакаше да му служи под тие услови, под кои Митре Бендерот му служеше на Зована Сивев.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едноставно не сака ни да поверува дека би можело да се случи некоја ноќ и да заспие.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Отпрвин овцата одбиваше, клоцаше, бодеше, не сакајќи да го прифати туѓото јагне, но кога Бојан на ист начин како и со овцата пред тоа, ја стисна меѓу нозете и ја присили да го надои јагнето, овцата како да се прекрши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Отприлика одеше вака. Сакам кола убава, ла, ла, не сакам лада. Не сакам ни југо (бљак), дајте нешто друго.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Да го запре не може, ама и не сака. Нека биде што ќе биде.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше најстрашно што во продолжение на целата година пред оној ден, јас, некаде потајно од себе, се ребрев постојано од нешто такво, дека не сакав да се обѕрнам наоколу, само за да не откријам нешто такво, да не ме убие нешто такво, зашто нема ништо покревко од она, кога човек ќе потера кон една страна со сите свои дамари, полетал натаму, нема ништо покревко од него тогаш, кога ќе погледне во своите нозе и кога ќе види дека коренот му е - разјаден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можам и не сакам да заборавам, а чувствував тогаш и чувствувам сега после толку многу години дека искрено се сакавме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Девојката не е за тебе, тоа.“ „Не е ни за тебе.“ Не сакаше потаму да се расправа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Проповедникот На д-р Ѓорѓи Зафировски Никогаш и никаде Тој не спомна нешто што ние живите го поимаме како време, и ете, во суштина, ние се разликуваме од Проповедникот не сакавме или пак не можевме да сфатиме дека нам не ни одминува времето туку - животот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Така почнала невидена војна помеѓу куп стрелци и еден гневен осаменик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го смирува тоа што Родна пак легнува, ја напикува својата топла снага крај него, а и тој, како и Вангел, не сака многу да оди по умот на жената.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Рада како да ги прочита загрижувачките мисли на Светлана не сакаше да ја држи веќе во неизвесноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Црвен елек потскокнува по ритмот, играат како земјата да не ја допираат, како да не сакаат да ја повредат, или се задеваа со неа како со врв на нозе ја пипкаа така лесно...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ајде, речи отворено дека знаеш и за транзиција и приватизација, и за демократизација - и разни други - ија, може и КРИзација, речи дека не сакаш за тебе да има табу теми!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не сакав така да седам во тишина; сакав возбудено да разговараме цела ноќ како што правевме порано, сакав да најдам некој начин што не ќе звучи патетично да ти кажам колку убаво си поминував со тебе, колку ми значеше нашето познанство и како одеднаш сфатив дека бев толку сконцентриран на тоа да станеме љубовници што заборавив колку блиски бевме како пријатели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во есента 1967 година, започнува војна за ослободување на окупираните територии и тој таму ќе се најде.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзината отвореност беше мала, кружна и речиси ненаметлива - слично на дупчињата за антена кои татковците ги прават со позајмени алатки, не сакајќи да повикаат мајстор.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
3. „Баш да го видам тој Курназ“, си рече Ване наоѓајќи се - одеднаш, не сакајќи, потамина, којзнае како - пред неговиот киоск.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се плашеше да одбие, но и да се нафати со таа погана работа не сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Слегов од мотоциклот и реков дека не сакам, дека мотоциклите не ме привлекуваат, но дека можам да го научам Земанек да вози подеднакво добро колку и јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секој бега од секого, никој покрај никого не сака да остане.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакам да се фатиме во лага.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не, јас не сакам да бидам како мојот американски пријател Норман кој се заколна дека нема да го исчисти станот сѐ додека не ги среди порезните сметки, а од тогаш има веќе неколку месеци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знам дали бегав, реков јас. Не сакам да побегнам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На 30 март му се вратија главоболките. Најнапред најавени од остар писок во главата, уште понеснослив од оној од локомотивите што го означуваа успешниот крај на неговата мисија, само таков што не сакаше да престане.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Нинче, мора многу да сум те навредил... не сакајќи...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не сака да загине со недовршена работа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со тоа не сакаше да каже дека театарот, како и црквата, ја има моќта за искупување на гревови, туку дека одењето на театар е исто како и одењето во црква- свечен чин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Можам нешто да те прашам, вели. - Прашај, му велам. - Од кај си, ми вели. - Да не сакаш и крштеница, му велам, да не сакаш ти да ме сослушуваш?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го прашав Земанек заедно да пишуваме; тој рече дека не сака; го замолив барем да ми прави друштво, оти имав намера цела ноќ да седам и да работам; рече дека не сака; по часовите позајмив една машина за пишување од еден пријател и се зафатив со работа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сакаше и нив да ги учи на месо, зашто потоа сигурно не ќе сакаат да јадат од лебот што уште го имаше, не ќе сакаат да јадат компири, што ако потраеше снежната опсада, ќе им бидат храна и нему и на кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сакав да се плаши. Не можев да поднесам бол во туѓи очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На Пелагија исто така ѝ потекуваат солзи, ама таа не сака да си ги забрише како некои од толпата, туку дозволува слободно да се разлеваат по лицето и да капаат врз убавиот фустан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со страв на човек кој не сака да го остави своето месо на метални боцки, не знаеше каде да зачекори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Натпревар на спанковците На париските часовници веќе е седум но Жан Жак не сака да стане, да се обува, да се мие. Жан Жак во ова утро главата под јорган ја крие.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Радоста што ја чувствуваше Пелагија, мајката, а која не сакаше да ја споделува со мајката Перса, се должеше на можноста што нејзината ќерка ќе учи во македонско училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа добра жена не сакаше да ме повреди, иако не знаеше ни кој сум, ни како изгледам, ни од какви причини се јавувам кај нив дома.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но Којо Пипиле не сакаше да чуе. Понекогаше лаежот и од сон го буди Богдана и тој сиот лут бесен останува буден до зори.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеби и вакцина ќе ми ставаат, ти не сакаш да ми кажеш“, плачеше малата, па мајка ѝ се поткачи на тротоар, запре и се сврте.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И кога потерата дојде, Толевци ја видоа, и колку души се, и кој се со нив од селаните, но Толе не сакаше да ја нападне и да пролева невина крв. Co еден збор, тој не ги мразеше бедните војници, кои и сами стенкаа под железната дисциплина по десет петнаесет години во султанската армија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Работев цело утро“, рече таа, ставајќи ги рацете на своите вити слабини, „а ти не сакаш да помогнеш? Грми, значи, ќе врне.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ветрето што веднаш навасува во дворчето ја омекнува атмосферата: никој не сака внатре, туку се вадат маси и столици во галежот на ветрето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Или не сакате било какви животни? - рече и ја поткрена едната цртка од веѓа во негодување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не е затоа што не сакаме, ние едноставно немаме таков принцип на работа, немаме фондови со финансии кои би биле планирани во буџетот од оваа година и би се однесувале на реализирање помош на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да не сакаш дигитрон за олку проста работа!?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас не сакав да ги изумам, но немав доволно љубов кон овие јазици и нивната литература, онолку колку што ги имав опробано, за да можам да им го посветам остатокот од мојот живот: ниту кон јазиците како такви, ниту кон чистата ученост, предавањето или проповедањето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дали не сакаше да си оди, дали не знаеше што е слобода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сакаше да се оптоварува со судбините на оставените љубовници, вечните студенти, павкачите на марихуана и несакано бремените девојки повеќе отколку што беше неопходно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега кога им раскажувам на моите деца тие се кинат од смеење, но тоа беше мојот штос, зашто не сакав машките да се фалат дека се запознале со мене и дека сум нивна девојка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мирче: А, не, не сакам. Волкот ќе го изеде зајачето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Решија и отидоа, но кадијата не сакаше ни да чуе за некакви привилегии, а поднесените фермани си ги кладе во џебот со една иронична насмевка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој повеќе не сака да умре!
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Најчесто зошто не сакаа да признаат колку се несреќни, полесно им е да глумат лажна скромност, зошто и така не беа за големите работи во животот- кукавици, плашливци.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И тоа приватните прашања што немам сили да ги разрешам со обично испитување па дури и со наредба, или со удар на раката по бирото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кажи им дека не сакам“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И не сакам да чујам било што во врска со ова. Оваја одлука е конечна.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Не сакам да одам непроменет, вели татко, не сакам кај господ со турски алишта, вели и лежи на гола рогузина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Богдан Преслапец го посоветува кашличавиот Осип Сечковски да го земе волето на злосторникот Мечкојад и да го продолжи патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И дека еден ден тоа ќе служи за разонода На широките народни маси Евентуално и како рекламна порака На некаков вињак произведен во Загреб Знаеше не дека не знаеше Цезар и за Брут Ама напати не сакаше да знае дека знае А тоа несакање си има цена Секое сакање и несакање си има цена И од тоа може да се направи еден огромен ценовник На империјалните сакања и несакања Може да се направи и цела историја На зголемувањето на цените на главите на императорите Од Цезар до денешни дни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Татко стана, ја помилува, ја гушна. Татковиот поглед патуваше со реката, кон север, по патот на јагулите, за кој не сакаше да ѝ говори на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Не слушај ги, - рече куќата што воздивнува. – Таванот и подот во мојава одаја се такви.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Не сум подготвен“, офкаше. „Не сакам да заминам вака, сам, далеку од дома“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Или едноставно не сакал да ја сподели со жена си. Зар беше в ред тоа?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога човекот се освести, закова очи во таванот и со никого не сакаше да разговара. Молчеше со денови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не сакам да се правам магаре, вели Дуко Вендија, се црвени и уште посилно пувка со цигарата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко не сакаше да ја оптоварува Мајка со половични вистини.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не сакајќи да биде за потсмев, Милка престана да мава по снагата на Вангела, си тупна две три тупаници во сопствената глава, а потоа така седејќи си го префрли веленцето преку себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Каде да се врати, кога е веќе цела недела вратена? – си мислев, ама не сакав да ја прекинувам со какво било прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И во маката не сака само за маки да зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, многу е повпечатливо ако истиот ефект го постигнете по пат на монтажа, бидејќи на тој начин во настанот ќе ја вовлечете и публиката - и во тоа е една од тајните на монтажата во филмот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
“ Сигмунд Фројд, С оне стране принципа задоволјства, стр. 21. 7 Фројд, Ја и оно, стр. 102. 176 okno.mk naff За некои дела на Damien Hirst (р. 1965), како што е овде репродуцираното, Одделен од стадото (Away from the Flock, 1994), може да се каже дека се ико­нични за уметноста на деведесеттите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се борам. Не сакам да го видам и се борам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А погледот вели: „Ќе му подместам“. Тоа е штедење во изразувањето. 136 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Имаше моменти кога се откажуваше, кога не сакаше повеќе да зема лозови, но тоа траеше до денот што беше последен за извлекување: одеше кон бутката да купи лозови, сакаше да не најде но пак се тресеше и го молеше господа да најде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе се мешаме со зборови. И по зборовите од Илија неколку бугарски војници веќе тргнуваат. Не сакаат двапати велење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тие сиромаси не сакаа секоја есен да се селат и нови меќани да прават, ама нивните нивчиња беа кое осмак, кое шиник семе, та немаше што да гнојат, што да ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бездруго, и самиот пелтечав и под контузија, тоа ѝ го рекол - гневен е, не сака да дојде пред лицето на севишниот со погана навреда на совеста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некогаш дури и несвесно, за да прикриеме некое свое малечко лошо дело, за да скриеме што не сакаме други да знаат, да се направиме важни и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако молчи и е многу лут, ама не сака да признае, затоа што го тргнала од пред телевизор баш додека траеле квалификациите на авто-трки, па само кима со главата и ми ја подава картичката за секој фустан што таа го пробува, тоа значи „пакувај!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Е, па ти, претеруваш. Јас благодарам. Јас не сакам пијан да лежам во таа кралска када.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не сакам да попаднам во некаква стапица!“ „Се плашиш од празниот град?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
-Биди мирен - вели Фјодор приоѓајќи му на својот пр. сликар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И не сака да зајде сонцето, не може да се наигра и да се нагрее во трапјето, во браздите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никогаш не се прашал кој го крстил со тоа грдо име и затоа не се погледнуваше во огледало, едно што по домовите ретко имаше такви луксузи, а друго и затоа што не сакаше да си ги гледа мозолките по лицето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И покрај немарниот однос кон претходните контролни прегледи, Сотир Паскали не сакаше да помисли на најлошото: Климент Камилски да не дојде на операцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Крсте ги прибра паричките и не сакаше да знае ни за нивје, ни за некаква сермија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој не сакал по својата смрт ниту помен да остане од него, бидејќи сметал дека како индивидуалист се бори и ќе умре за своите идеи, но со тоа не требало да се занимаваат ниту неговите блиски ниту другите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имено, Арслан бег, кој беше заслужен воин и кому, како на таков, според турските закони, му беше ветен чифлиг некаде во Битолско, не сакаше да се исели од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не сакам, не сакам, не сакам, не сакам да се мажам за конзуло.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас не сакам повеќе да носам вода.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мајка ми забележа дека сум натажена: - Знаеш кога ќе го ставам? Во специјални пригоди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не сакам отпростум да ти го тријам носот со сол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ниедно од нив не сакаше да пишува букви. Сите ги сакаа ураганчињата и торнадата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ЛУКОВ: Не сакам одговор. (Седнува во софата.) Донесе ли весници?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ни слон ни тигар не знаев да нацртам, или пак, можеби, и не сакав да га нацртам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко во тие моменти, колку и да беше Камилски субјективен и, според него, не во право, не сакаше да го прекине.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Легнат на грб се обидував во отсјајот на мижуркавата светлина на канделабрите од улицата да откраднам искра од нејзините очи за да можам во играта, која не смеев и не сакав да ја одлагам, да бидам свој онолку колку што таа ме познаваше. Попусто трагав по таа искра.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дали можеби е од тоа што сум повредена или пак не сакајќи се кренала ѕидна бариера, наречена недоверба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не сакаше да се исправи; сепак се исправи и седна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми се смачува. Зошто луѓето не сакаат да ми признаат дека сум жив!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За ништо на светот не сакаше нешто лошо да му се случи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Дувај ги, викал татко, издувај ги, велел, да нема ни раска на јатките. - Да не сакаш и да ти ги џвакам, мајката, му рекол еднаш Јоше Свирачот, ама татко не го заушил убаво, оти устата му била преполнета со ореви што ги крцкал со забите и од тоа не му се дослушувало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цел ден си надвор и ништо не сакаш да работиш!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Не сакаш? - Не, само.... - Само немаш пижами?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Би можела и да те заборавам на илјада начини... но не сакам .. ќе те памтам, ќе те чувам во умот, во душата, во срцето...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Но не се обиде да ме разубедиш. А јас не сакав да бидам сама. Никола, Никола... ...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не сакам да го изгубам детето во тајниот оддел за абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ти повторувам: не сакам да имам ништо општо со ликвидацијата на овој Младич.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Затоа ми се обраќа со молба за помош, за да не ја суредат неговата сакана ќерка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А што носат и какви стапици кријат водите на тој брзак, навистина не сакам ни да размислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Премногу е интелигентен. Гледа премногу јасно и зборува премногу отворено. Партијата не сака такви луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сакав и да се скараат со сестрата на мојата мајка, па каква и да е таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Еднаш да се турчи - не сакал, двапати - не, трипати - пак не.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Не би можела таму мирно да спијам“, ми се жалеше кога ми покажа каде сака да биде погребана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак во последен момент го одбра тивкото одмавнување со главата, тој културолошки кодиран, и донекаде културен гест за „не“ и, понекогаш, „не сакам“ и „немам“.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Само и омраза да се шири – не сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дека била станицата српска, и дека железничарите, Русите и Неделко Акиноски, на кого Србите во Првното србско, зашто не сакаа да служат војници кај нив, му убија двајца браќа, близнаците Ордана и Цветана, биле посрбени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој не сака да ја доживее судбината на Че Гевара, тој има своја судбина која сака да ја раководи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но должен не сакаше да им остане.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога се спушти по скалите на визбата, не сакајќи застенка, нејзиното мајчинско срце ѝ кажуваше дека се случило нешто лошо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Другите луѓе, кои се обидуваат да ги разуверат во тоа кои тие навистина се, ним им изгледаат како завидливци кои не сакаат да им го признаат значењето, или како затапени суштества кои не можат да ја видат реалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не сакав, вели, не знам и јас што сакав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве ова за првпат ти го велам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа не сакаше да појде да живее со семејството на ниту едно од своите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Башка што тие двајца многу често не сакаа ни да слушаат, не сакаа ни да знаат за ништо вон од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како да сум излегла од жива кал, од мочуриште. „Ако не сака господ да те загуби, велеше мајка, сѐ ќе се најде нешто да те избави.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На многу слики на кои беше сликан, ги кинеше, ги ништеше, не сакајќи да си го гледа ликот на фотографијата; веруваше дека тоа коби смрт.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас — не и не. Не сакам да лазам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Улицата ја набљудував само со едно око и настаните ги таложев на крајот на својата свест та и да не сакав новостите лесно допираа до мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но тие пак, не сакаа да имаат работа со уќуматот, а особено со полицијата, а уште помалку со господин Јачмениќ. Кој ќе чуе, што ќе рече?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Политиката на Хенри Кисинџер, чекор по чекор во решавањето на палестинското прашање, која беше наложена Мировната конференција во Женева, многумина ја сметаа за совршено промислена стратегиска стапица, која Јасер Арафат не ја разбра или не сакал да ја разбере и во која на крајот ќе се најде во лажниот излез од лавиринтот, во својата Палестина, како претседател, но всушност тоа ќе биде неговиот кафез во Рамалах кој ќе го напушти неколку дена пред својата смрт, се разбира со дозвола на израелскиот водач Ариел Шарон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еве, веќе ме насолзи. - Прости. Не сакав да те расплачам, сакав само да те разведрам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Едо никогаш не можеше или не сакаше да сфати зошто некој авион би морал да полетува пред осум изутрина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На одморот по вториот час, кој беше подолг од другите, ѝ се приближив, но не сакав ништо да ја прашам, ако таа сама не ми каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Дојдени сме на овој поетски собир по наредба на Јасер Арафат! - ми рече Махмуд Дарвиш! Во мигот немав одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Мајка ми не сакаше да ја погребам на гробиштата долу, во градот - објасни Иван. -Далеку биле. Како во друг свет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им пркосеше и на наставниците - не сакаше да одговара кога ќе ја прашаа, се држеше недисциплинирано.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не беше заврнало веќе два месеци!... Margina #21 [1995] | okno.mk 127 Татко ми кружеше како тигар пред машината...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа реченица би можела да има исклучително нежен призвук. L’enfant значи дете, кажано милозливо, souffler значи нежно цицање, воздивнување или шепотење; cher, мила, е игра со зборови со CHAIR, месо; CHOU, мила, е нагален назив, како и FLEUR, цвет (на пример petite fleur); serrer значи прегрнува. CHAIR CHAUDE, “жешко месо”, се однесува на мајчините гради, па според тоа претставува површинско значење нешто како - детето цица затоа што не сака зеленчук. CHAIR CHAUDE дословно значи врело месо, а soffler уште значи и да се дува врз храната која е премногу жешка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Акумулаторот се испразни и автомобилот не сакаше да запали, на враќање дома домофонот не сакаше да заѕвони, клучот не отклучуваше, па, барајќи преноќиште, дознав дека хотелите беа преполни и сите хотелски соби беа издадени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Човек можеби и не сака толку многу да биде сакан, колку да биде разбран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За тој ден Иван Степанович смисли дека не би пиел не затоа зашто не сака туку божем бидејќи не смее!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко не сакаше ниту да се сложи, но ниту да спори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Онака усамен, тој не сакаше ништо повеќе освен да има некого од своите стари пријатели, па да му оди и да му изнакаже сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некој внимателно, чиниш не сака да чуе никој друг, тропаше на порта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зоки веднаш стана сериозен и рече: - Како не сакам да работам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не сакајќи го изгреба по стомакот кога му го влечеше каишот од фармерките.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пуљам ти порасна косата и крстот на оваа глава што не сака да собере ум, не ти се пули, ама со тоа не значи дека е скриена срамотата, понижувањето и навредите!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој се противеше; велеше дека не сака да ме остави сам, се плашеше да не налетам во Велес на Фисот и Луција, и Фискултурецот да не ме претепа; јас му реков дека тоа е моја работа и дека немам што веќе да изгубам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаеше дека може да изненади секој сретнат грм, дека не можеш да бидеш наполно сигурен што крие зад себе секој нов срт, секоја пресека, не сакаше изненадувањето да го прави поголемо, отколку што мораше да му биде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да не беше тоа прва наша средба и да го имав запознато Игбал така како што сега го познавам, сигурно ќе го замолев да ми објасни подетално што се тоа западњаци и источни цивилизации, ама таа ноќ, тогаш, не сакав да помисли дека сум незнајко, па решив утредента да го прашам брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Рада не сакаше да верува во коинциденција, но предлогот на Ѓорѓе и нејзиното размислување идентично се преклопуваа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Постојано повторуваше дека не би сакал ни случајно, синот и таткото да се најдат на две спротивставени страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„ Тие не сакаат таму дури ни мажени жени“, додаде таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По овие зборови Веле го повиши гласот: - Сега сакам да знам дали е во мене грешката или во вас, старите мајстори, во вашиот табиет, да не сакате да дадете и на друг да се развива и да оди напред...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не сакам да пливам по водите на злата судбина!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не згрешивме, ќе трае засекогаш, во најинтимните и најскриените делови на нашите срца, чувана од секаква нечистотија што ја носи овој проклет живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со еден збор, Петјушка не сакаше во тесно да се најде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Татко ми, со судбина каква што имавме, не сакаше имињата на своите деца да ги врзува за светци, војсководци или други славни луѓе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јагленарот, исто така, мотивиран од магарешкиот инает што го имал кај себе, не сакал да се откаже од наплатата на долгот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беше Едип, беше Каин, беше Ное, а во оние желби кои не сакаше да си ги признае посакуваше да биде пророк, и затоа им го одзеде Мојсеј на Евреите – самиот тој сакаше да биде единствен, ничиј, самороден, па таков си го претставуваше и оној што од луѓето беше прогласен за она што самиот тој, брат ми, сакаше да биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А сега, многумина, сакајќи да ја избегнат воената служба, не сакаат да се ни Грци, ни Бугари, ни Албанци, ништо друго освен француски, шпански, италијански, англиски државјани!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој предавнички се повлекол со еден чекор - да ја земе, а жена му со трите гулапчиња в скут?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сакав да ја распалувам повреденоста кај него, но тој во тие моменти не беше во состојба да разликува нијанси.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А има и такви што ме гледаат во чудо и не сакаат да ме удостојат, а баш го правам домаќински - со кафен шеќер, со мед, кој како милува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како да не сакаше да ја следи Татковата мисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И Бенвениста мислеше дека свадбата треба да се случи веднаш по веридбата, но не сакаше да го навреди сватот, па и таа замолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Не сакам да ја видам, му вели татко, а не сакам и тебе да те гледам, му вели, и си пие цигара, се пули в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не сакате да речете дека постои поврзаност помеѓу јаничаризмот и балканските јазици? рече замислено Климент Камилски прелистувајќи ја книгата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги стиснав клепките не сакајќи да го гледам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мислиш скарано е со плениците и не сака ништо да има со нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луција не сакаше да ја допирам и не ми го даваше своето тело, а јас горев да ја имам; не ми ја даваше ни својата душа, иако јас чувствував дека се бори самата со себе, дека е на чекор да ми ја подаде барем неа, душата; но гневот кај мене се јави кога таа одби јас да ѝ дадам нешто: мојата душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа реков, вети ми, повикај ме. Не сакам збогување. Животот без ангели е казна.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Наврапито се свртува наназад - лице в лице со Јана.. се џари во очите, темните очи - ама без светулки - светулките згаснале во некаков длабок вир од тага.. ја гледа, усните ѝ се движат, гласовите испрекинато навлегуваат во неговата душа, небаре далечно ехо: Тато ѝ кажуваше на мама - дедо ти ја продал ливадата - не ми се веруваше... не сакав да поверувам...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Проштевај што го споменувам одново името на овој човек, знам дека не сакаш да слушнеш за него, но досега не можев да најдам ништо друго напишано за крајот на животот на Никола.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ТЕОДОС: Пак за тоа? ТОМЧЕ: За тоа... ТЕОДОС: Нема повеќе зборување за тоа!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Да не сакате малку пипер, - праша Котевица од кај мијалката. - Може, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- И затоа обуен сум и топло облечен. - Обуен и облечен - просаска Кољо - ама со измама, а не сакаш да знаеш дека сето тоа се само солзи и болка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мирче: Не, не сакам ни божемски да ме изедеш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Мојава не! Од ’ДМ’ и од ’Баба’ готова носи, за секого посебно, децава јадат пилешко, сарма не сакаат, грозна им е“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас и не знам што истекува и дали истекува нешто оттаму оти го голтам тоа што не сакам да го видам. Како да голтам шлајм.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стрчавме сите, го попрскавме со вода, а логотетот седеше на својот трон и не забележуваше, или не сакаше да забележи што се случува зад него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Французинката не сакаше да зборува ниту за музика, ниту за политика, ниту за спорт, ниту за природа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама, има само една фалинка. Тој се однесува исто како маж Црногорец, кој не се помрднува од место, исто како оној што ќе го заглавиш со шрафцигер, па не сака ни долу, ни горе...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше матно, како оној врнеж, што сѐ уште не сакаше да престане.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сакаше да биде бездомник. Не може вечно да се бега... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Детето ме гледа и само ја стега раката од жената, не сака да се пушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Реши да го посети дедо Иван. „Доцна е малку“ - си мислеше момчето, но не сакаше да му се потчини на лесниот страв што го обземаше додека сам чекореше по угорницата, низ темната корија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сите прашања молчев, стоев со наведната глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но, тој не сака да го разреши својот проблем. Ужива во него.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А и месо не мораш да јадеш ако не сакаш, кој те тераше? - и ми го сврти левиот образ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мајка ми цел живот беше добра, рече Роден Мегленоски, но за татко ми никогаш не сакаше да зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие, вистина се противеа, не сакаа или не смееја во принцип да чуваат кози, но нивните деца и семејствата не можеа без млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За Камилски, којшто имаше намален капацитет на консумација по операцијата на стомакот по ослободувањето од Голи Оток, ова беше голем предизвик, но не сакаше да биде под нивото на настанот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Добро, доста е.“ И пак не ме погледна. „Ноќва спиј во друга куќа и не доаѓај кај нас.Никогаш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше сам и беше слаб, му идеше да вреска од тоа, застанат, како исфрлен на снегот; за него не сакаше да поведе сметка ни оној стар мршар, што почна полека да се довлечкува кон крвавата паласка под неговата стреа, како воопшто да не постоеше никој како него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И тој скокна во ливадата и вика: ״не сакам ливадата да ми биде во туѓ синор, во туѓа држава.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали во моменти потајно не сакав да се случи нешто што ќе оневозможи да се реализира докрај мојата одлука за останување во Маказар?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ние не сакаме да одиме во Албанија... што бараме во Албанија кога не сме Албанци... Ние сме христијани, словенски род...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не сакам да ја најдат војниците, вели, и не сакам да се учи некој што не се одбира од свирење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мусли бег наеднаш остина. Иако не сакаше така да си помислат христијаните сам чувствуваше дека така зборува, како да ја пади од себе, од Арслан бег и од Турците во Потковицата несреќата: Оти високо летаат и грабаат па си мислат ќе ги смилостиват ако не ги убиваат, или оти ги мислат за божји птици па веруваат дека ќе ги стигне несреќа ако ги убиваат, праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доволно сум во здравтвото за да знам дека тоа во превод значи ...вашата мајка почина... ама не сакав да верувам во тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Слушај“, се досетив јас, „да не сакаш да ја купиш?“ „Не јас“, вели тој, „Пере зетон. Тој сака“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рано изутрината тој се упати кај началникот; но му беше кажано дека спие; тој дојде во десет – пак му беше кажано: спие; тој дојде во единаесет часот – му беше кажано: па началникот не е дома; дојде за време на ручекот – но писарите во претсобјето никако не сакаа да го пуштат и на секој начин сакаа да дознаат каква е таа работа и која потреба го довела и што му се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веќе не сакам да знам. Тоа нешто што сум го мислел, а не што се случило.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Султанот заниша глава: „Ашколсун”, рече, „ама не сакам да го видам тој ќопук.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не ги гледа луѓето и не сака да знае дали тие го гледаат него.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се телефонираше, се телеграфираше на сите страни. Се будеа раковидителите. Не сакаа да ја вознемируваат Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас знам зошто на Дејан му е скршен носот, но не сакам да го прашам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прости што ве оставив сами. Вашите дири одамна се сплетени и не сакам да нушкам по нив, ама ми се чини големата Чана како да има голема мака!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тука се правеше првиот од многуте мали чекори замислени од Кисинџер во Женева и прифатени од Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога сè ќе замолчи, нема зборови за разговори долги, а само очите говорат, очекувајќи секојдневно исти денови, времето тече бесповратно, а грижа воопшто немате што си оди, ниту пак знаете патот кај ве води, апослутно на ништо не се надевате, не сакате, ниту мразите, рамнодушно по земјата газите, ни мртов ни жив, е тоа е клето, нема ден бел, само црн, ниту сив, тогаш сфаќате дека, не сте сфаќале ништо.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Обогатени со видено умирање, гледале во огнот како во извор на животот, во црвено-жолтите кунатки со непрекинато јазење по усвитените гранки. Со мака ги држеле очите отворени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко намерно не сакаше и натаму да коментира.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не, тие никогаш не биле среќни во Солун. Ни таа, ниту пак тој. Иако тој тоа никогаш не го признаваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не сакаше да се предаде, не сакаше да падне, па му беше потребен уште цел час измачување и напрегање за да совлада уште триесетина метри низ снегот и да се увери дека сите напори му се залудни.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го нашла на средсело и пред сите луѓе беше му рекла: „Јас тебе ќе дадам градината, нивата сосе оревите, црниците, куќата сосе црниците, пари не сакам да ми платиш, бакшиш ти ги оставам, само ќе гледаш чешмата да не секне.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ТАКА ПОЧНА АВАНТУРАТА
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не сакам по мојата смрт да речат, беше трчилаж.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па и господ се исто не сака да слуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Јас не сакав да ви го кажам ова што сега ќе ви го кажам, бидејќи знам дека тоа ќе ве ужаси, но сега сум принудена да ви го кажам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Вие не сакавте ни збор да чуете од мене И сите туѓи раце оставени врз моето тело. Им ги поверивте на своите остри коси. И ги продадовте за една обична дневница.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Толку знаат, му велам да знаат повеќе и за нив ќе биде подобро. Тие не знаат што да сакаат, велам. Тие никого не сакаат, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас не сакам палјачо, сакам сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сите луѓе во светот само треба да отидат до општината и да кажат: „Знаете, јас не сакам да одам во војна“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ех, море, никој не сака да ми ја знае маката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еднаш кога ме напушти војската, втор пат кога ти не сакаше да стрелаш во мене со мојот револвер.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тие што не сакаа да станат или едното или другото, се знаеше: ножот под гуша — колење за нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зајачето Шарко се направи дека не сака повеќе да слуша.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Не сакам да ги сечат елките. Јас ја познавам Билјана, па не се зачудив.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не, не говори ништо, не прави се важен... Ништо ти не си поумен од онаа што ја остави растажена вечерва само затоа што не може и не сака, како тебе да се усмева.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Агонијата нема зборови. Допирот не сака да е сам.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
„Сакав, сега не сакам. Било и поминало. Мал си ти за младоженец. А ни куќа, ни куќиште.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А јас не сакам наново рани да раскопувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пеј и пламни, велам Дур во ад се селам И гаснам Продолжено. не сакам да знам Јас не сакам Да знам Каков сум Туку, Каков ќе бидам Тогаш Кога Не ќе бидам.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- Слушај Филип - му реков. Се преиспитав себе си, навистина се преиспитував и не сакам повеќе да бидам со тебе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не сакам да гледам за други како судат, дури полувистини по потреба зачинети, по порачка пратени, туѓи дела како од себе цедат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сигурно ќе ме разбере. И да не сака ќе ме разбере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седевме без да зборуваме ниту да се допираме и се сеќавам дека помислив дека повеќе не сакам да се расправам со тебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Судот, со оглед на сите околности и според свое убедување ќе цени од какво значење е тоа што странката која ја држи исправата не сака да постапи според решението на судот со кое ѝ се налага да ја поднесе исправата или, противно на убедувањето на судот, одрекува дека исправата се наоѓа кај неа (чл. 218, ст.1-2 и ст.4-5 од ЗПП). 173 Х.Џ. против Охис Пласт Спор за неисплатени плати
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа рече: — Значи, ваа вечер ќе и ватиме сете топтан и ако не сакаат да се откупат—се знае.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беа тоа наши комшии, наши познајници, муштерии во книжарницата на татко ми, кој веќе не сакаше да оди в дуќан и сосем се повлече во себе, па и онака не многу разговорлив, дозамолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мајка замолче. Не сакаше да продолжува веќе водени, програмирани муабети.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу сакам да се запишеш во мојот лексикон“, ми рече и ми подаде една тетратка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Авторот не сакаше, и покрај сета внимателност што ја примени, Паца да се посомнева.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Петра не е помрдната од местото на кое квакна од синоќа, меѓутоа сите се раздвижени, растрчани, веројатно нешто се случува а таа не знае. Не сака ни да знае.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Земанек не сакаше ни да чуе. „Знам што си наумил“, рече, „но јас не останувам“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа јас се обидов да ја забрзам малку таа работа, но мајка ѝ на Алегра ми рече: „Не обидувај се залудно Силвија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иван Иванович секогаш му дава на секој од нив или ѓеврече, или парче од диња, или круша.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Што ми се криви луѓето, а и Јон не ми е крив. Може и тој не сака така, ама нешто го тера, го турка Тој натемаго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очите, како скапоцени камења ѝ беа фиксирани на Милан, и светкаа со зачудувачка острина, и тогаш Милан не сакајќи се накашла.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Десната рака на неговиот внук била продолжена со скршениот дел на вилата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А можеше, преку мажот, да побара да биде назначена во некое од поблиските училишта. Не сакаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Господе, си велам, зар и моето дете да не сака да ме види? Наполно се отуѓило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакаше да навлегува во овие мисли и повторно да ја враќа сликата која очигледно не можеше да се врати.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не сакам ни да чујам, - викна Абраш, - ти реков, книгишта не ме интересираат, не сум јас „бубалица“ па да читам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А како умен и разбран човек - просветен работник! - секогаш настојуваше да ги усклади желбите со можностите. Така и овој пат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За сѐ е тој виновен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не паметат или не сакаат да зборуваат со непознати?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакаше Петјушка прав во очи да ѝ фрли - божем, ако однадвор костимот не е нешто особено, но затоа, ве молам, долните алишта се чист памук.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Човечкото срце е толку големо, може да ги собере сите страдања, а не сакам да страдам, сакам да љубам, ми треба твоето срце, тоа е мојата мека перница,таму спијам јас, тоа е моето скривалиште во бурните денови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако сега нашите противници го допуштаат образувањето на помали етнографски целини од поголема, како последица на историска неопходност, и ако тие досега гледале на Македонците како на Бугари, тогаш зошто сега тие не можат и не сакаат да го допуштат образувањето од таа голема етнографска целина што ја викале сите, па и тие, бугарски народ, две помалечки целини – бугарска и македонска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Полуглува и суетна, не сакаше да си стави апаратче за уши, велејќи дека сите си вообразуваат дека е глува поради тоа што е стара.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не продавај ми шикли за ореви, вели, не сакам и дома да бидам надвор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можно е дека нема да ти напишам баш сѐ за Musicmaster, но сметам дека ти веќе имаш одредени информации, а јас баш и не сакам да фурам опширност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ИВАН: (Иако не сака, трга.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Климент Камилски се изненади од овој настан, но сметајќи се апсолутно компетентен, како сорбонски докторанд од областа на воспитанието на детето, не сакаше пред Татко да го покаже своето чудење, но, сепак, со авторитетен глас на сеинформиран научник прокоментира: Јазикот останува најзначајната симболичка фигура на човековиот дух, но и најзагадочната творба на природата за разбирање на луѓето и народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Реков: „Руски човече, не сакам да измрдуваш, не сакам да ме потопуваш во твоите важни и неважни работи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Свесна бев колку луѓето сакаат да ме провоцираат, не сфаќајќи дека јас самата тоа кај нив го предизвикувам, веројатно не сакајќи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не сакав да живеам во него уште еднаш и (не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно кога и каде) не ти реков ни збогум.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Впрочем, денешните припадници на македонската „судиска каста“ и нивните спонзори, патрони и подмитувачи, не сакаат да ги симнат матните фикции во кои е обвиткан пишаниот закон – а зад кои се крие „правото на посилниот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Биди маж! Ако имаш три чисти запали пред тато и мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го слушав Бак како одвреме- навреме „човечки воздивнува”и од што му бев лута, не сакав ни да го погледнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Абе ја не сакајќи слушнав еден муабет на едни цури што се клештеа за некое место во кое забегале не сакајќи коа искачале во град.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Останува последниот проблем, покренат во последниот момент од Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Често мажот „сака“ но оној не сака, и обратно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Понекогаш и императорите победници не сакале да го урнат храмот на религијата на другите, туку да го задржат како трофеј на нивното освојување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се смееше на сето она, што го доживеа минатата ноќ и оваа утрина, а смеата сѐ уште продолжуваше да извира од него во палави клучеви и не сакаше да престане.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И калуѓерката Смилја не го напушташе манастирот. Дојдоа нејзините родители да ја земат дома, но таа се затвори во одајата и не излегуваше надвор, не сакаше да се сретне, да се види.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Тоа беше случајно“, му рече помирливо, нерасположен за расправање. „Не сакав тоа да го сторам.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како малечок многу сакав да возам велосипед. Татко не сакаше да ми купи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не сакам нефер борба, тие се послаби од нас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тргнавме накај дома. – Не беше лесно, – рече тој, – да се натера коњот да се однесува толку убаво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој не сакаше да се врати, И после стана пеколот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој сака да одам кај него, велам, а јас и сакам и не сакам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, не сакаше Никодин ќерка му дури ни во сенката да се изметне на неговата сестра, која во името на љубовта свесно ја ставаше „главата на трупец“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Замисли да ти се децата џимрии, па пребаруваат - едни јадат боранија, други не сакаат ни да ја чујат, едно сака месо со компири, друго не меша протеини со јаглехидрати, а само едно „веге“ па ти е многу, па, мораш секој ден да ги препрашуваш кое има „дејт”, заради кромидот и лукот што секогаш заради евентуалност го служиш одвоено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кој продаде до пладнина – продаде, кој не – ќе ги тера добиците до пазар, ако не сака да ги продаде пошто-зошто.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му велеа роднините и пријателите да ја напушти да земе некоја куќа под кирија во селото, но тој не сакаше да чуе; постојано ги потпираше ѕидовите со дебели дрвени појаси, ја вклештуваше во дрвени стеги и не ја напушташе - не сакаше да се сити Танаил.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се прскав по телото со млаки млазеви, не сакајќи прописно да се искапам. Разладувањето стана забавно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Можев така да ти речам, но не сакав. Мила Азра, ти си мое дете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Истото важи и за театарџиите. Не може некој да е актер, а да не сака или да не ужива во играта на другите актери.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Вие не сакате жена од надвор?“, рече. „Да, реков. Не сакам жена од надвор“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знае поради што, ама никако да го прифати како нормално дете кое оваа есен за прв пат треба да појде на училиште, особено не може да прифати почесто да се гледааат со Пеличка, нејзиното срце слути само лошо, чувство што не сака да го сподели со Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За тоа не сакав да ја прашам ни тетка Рајна, зашто знаев дека таа нема да ми дозволи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Гледав во неа, и таа гледаше во мене; молчевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ти ништо не знаеш, вели Лидија. – А и не сакаш да ми купиш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Таа не сакаше да гледа во купот цигли, бетонски плочи, искршени предмети, што беше останал од нашата куќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И таа како дедот Петка: намириса дека Митра е запалена за оваа работа и почна да тврди пазар: — „Та. .. којзнае, невесто Митро, дали ќе ми најдеш тоа шо треба; та . . . ногу време сака да помине; ја... требало порано да дојдеш; којзнае дали ќе можиш да платиш“, — и триста други маани си наоѓаше. И за неа „ништо не сака“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас се најдов во незгода. Да сакав телевизор, не сакав, а еве Симон со тракторот дури в град.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Зар?“, реков. „Луѓето не сакаат да им биде дадено“, продолжи Владе, „но дури откако ќе им се даде, откако ќе земат. Штом веќе зеле, стануваат неблагодарни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Така. Те видела жена му на клисарот. Доаѓа овде и колне: „Не сакам да ми ги бере.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Едноставно не можев да го сфатам човек кој не сака задоволството од рецепцијата на уметничкото дело да го сподели со други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Еден ден отидовме до Перл Харбор. Не сакаше да нѐ одбиеш ниту мене, а ниту Гаврил.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А таа дека е возрасна, мисли децата може да ги навредува и дека ним тоа ништо не им значи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како и војничето кое не сакаше војна со Србија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара: – Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас. – Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Трајче излезе во дворот. Му се плачеше, ама ги стискаше забите и не сакаше да го видат како плаче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но мислата?... Та тој не сакаше вечерва да ја опијани. Да ја потисне. Да ја направи бессилна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако во куќата на Спира Клечев влезе Паца, не остана жена во селото што не сакаше да наврати да се изнагледа и да се изначуди.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога стасаа пред манастирот, ибн Пајко сјава и не ги пушти нив двајцата во манастирската авлија, туку влезе сам, не сакајќи да ја покажува својата накалемена сила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас не сакав, а и не можев да ѝ ја одземам радоста да игра во театарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Умираше и не сакаше до крај да и се предаде на смртта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така, посна, ми вели, не сакаш на живот да пробаш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Подобро е да молчиш, ќе речеше, оти пеејќи, ем ќе ги изнервираш оние што не сакајќи ќе те слушнат, ем самиот ќе се разочараш од фактот дека си дудук за музика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мајката очајуваше, самата се шлапкаше по стомакот и се чудеше зошто нејзиното дете не сака да се разбуди.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мара беше таква жена што не сакаше да ѝ се метка посредкуќи сѐ и сешто, а сега беше останата сама во селото подналутена зашто токму тој од едно цело село мажи да оди толку дена сам во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не сакам ни да ми кажете кога ќе ги труете пастрмките, - се побуни Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја зеде тавата од шпоретот, пристапи кон масата и, сервијаќи му убаво шницла, му рече: „Сакам“, рече. „Ама и да не сакам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А луѓето? – прашувам. Мрдаат со рамена и сфаќам дека не знаат или не сакаат да кажат?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако не сакаш дебела жена, тоа си требало порано да мислиш, кога си се одлучил да ја земеш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— За да не го тепа некој друг, ќе вели, не сакам друг да го отепа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шаховската табла секогаш го чекаше, неговата маса во аголот беше секогаш резервирана; дури и кога местото беше полно, тој седеше сам покрај неа, затоа што никој не сакаше да биде виден како седи блиску до него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше неделен ден. Врапчето уште од утрото стоеше крај прозорецот и не сакаше да јаде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Долго не сакав да седнам на масата каде што се ручаше, по повод оваа веселба, иако во кујната неколку пати ме искара тетка Рајна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зошто го спомнувам токму овде овој дамнешен совет од животниот филм на тетка Боса?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ние не сакавме по никоја цена да појдеме без козите – прифати веднаш Чанга. – Разбирам, разбирам – продолжи загрижено градоначалникот – но што ќе правите сега со овие кози? Ќе ги продадете, заколете или...?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Извини, душичке“, рече таа. „Не сакав да седнам врз тебе, ама оние гомнари ме бутнаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сакаш да дадеш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Молчев, не сакав да разговарам за она на што не сакав или не можев да мислам по среќавањето со Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)