не (чест.) - оној (зам.)

Капките пот бавно се тркалаат по челото, образите, вратот на тркачот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ако не внимаваш на него, ќе ти побегне без пардон.(Зошто употреби машки род, „блудник“, а не оној вообичаениот, „блудница“?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кој дава, ако не оној кој има?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кој губи, ако не оној кој има што да изгуби?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И ова сега беше за мене како некој сон, но не оној розев, црвен, и виножитен, а сепак сон, чудо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе прекинам некој доаѓа. Поштар, не оној што го знам туку нов и непознат, поинаков од вчерашниот, со пајажина на модроцврени капилари пред очите со набабрен десен колк со мирис на кожено палто штотуку симнато од рамениците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)