не (чест.) - повеќе (прил.)

Долги се педесет до шеесет сантиметри а дебели не повеќе од пет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имајќи го на ум ноќешниот разговор со Лазора Перуноски, дека може Хаџи Ташку и дружината се кријат на чифлигот јали Муслиоски јали Мустафовски, рече Најарно е, Тахир бег, ние првин да извидиме дали ајдути ни се кријат кај некого овдека, во Потковицата, без тој да знае, јали во плевната, јали во копите, зашто и ајдутите не се баш толку мажи па да ајдутуваат по вакво време, и тие носат еден живот, а не повеќе, и нив може да ги замрзне студ јали волци да ги раскинат, а потоа, ако не ги фатиме овдека, ќе тргнеме во потера по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
154. За првото еве што може да се рече: Македонците сите заедно се викале Срби не повеќе од педесет години, а во некои делови, и тоа во северните, нека било сто и стопедесет, но не и повеќе години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стисокот траеше не повеќе од десет секунди, а сепак му се стори дека рацете им се составени долго време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас дали останав десетина минути, не повеќе од тоа. Едноставно не ми беше место таму.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На неделата еднаш, ако не повеќе, одеа до Коленово кај тетка Фора.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да знаеш дека не ти гини скусување колку за една педа. - Не повеќе, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Логотетот сѐ така еднакво се смееше, и веќе стануваше непријатно; тоа го почуствува и Филозофот и продолжи: „Оче Стефане; ако секој ден чиниш чтение, од утро до мрак, и така правиш шеесет години, колку чекори книги од твојата библиотека можеш да прочиташ? Не повеќе од еден до два чекора.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На тој изгрев многупати и без збор во мислата сме му се молеле, ако не повеќе тогаш барем за миг заборавајќи ги тегобите и неизвесностите што ги носи денот а со тоа и сеќавањето за она што било.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Разјужи“, се радуваше Бојан. „Само да потрае така. Ден, два, не повеќе. Да се преполови снегот, да легне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не повеќе, рече Лу, сега ја следи книгата за бела магија, која зборува како да ја реконструираш структурата на своите ќелии - се занимаваш со своите ќелии и пиеш, да речеме, јогурт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)