не (чест.) - така (прил.)

БАБА АНЧА: А, не така, попе, „сложни калуѓери и среда и петок мрсат“. А за сабота и недела сите ние јадеме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Не така, вели Григор, туку фати го за уши и тргни му ја, нагоре, главата. Истргај му го вратот, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Но - пишува Шатев - попаднати во туѓа средина, без никакви средства за живот, тие видоа дека не така лесно се прави конспирација и се прибираа при своите родители“47.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ваквата состојба се објаснува со тоа што земјата зазема последно место по резервите на слатка вода во не така богатиот со слатка вода европски континент.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А другарите мои, и тие како мене, кој со една нога, кој со една рака, ама женети, постојано ме советуваа и ми велеа: - А бре, шутрак низаеден, прибери се еден ден и ожени се за да живееш како човек, а не така...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)