не (чест.) - да (сврз.)

Така Господ ти помага да бидеш: жив и здрав, доволно силен, да останеш исправен пред животот, а не да дозволиш тој да те свитка, како млада тревка. – зборуваше баба ми, а јас учев од неа како од отворена книга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој впрочем во комисијата беше да шефува, а не да чита и да пишува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не да не сум заинтересиран туку тоа е толку очебијно што изгледа безмислено некому да му го објаснуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не да јавам по патот, кој ми се гледаше премногу тесен и премногу рамен, туку скршнував лево и десно, го терав коњот да цапа низ реката и да се препиња, излегував од водата и пак влегував во неа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зборуваат само национално, национално, како да не сме луѓе, како да не јадиме леб и да не пиеме вода (мене ми зачука срцето), ние треба да се најадиме, вода да тече, а не да ни ја крадат, трактори да купиме, крави млечни да донесеме, кози алпина раса што даваат седум литри на ден, та за нација, пак ќе сме нација, ебати нацијата!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Верски календарчиња за 50 денари - пред него викаше еден човек, кого сите го избегнуваа како тој да проси пари, а не да сака да ги заработи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Јас сум дојден овде да учам, не да се женам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тука дојдоа Толе и Андон. Но не да ја поделат радоста со Маргара, ами да ја опфатат со своите соколови очи својата земја во која стенкаат нивните браќа и другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Не да се фалам, но така е... Секогаш со овие зборови започнуваше велгоштанецот и додаваше како неговото око сѐ видело, а неговото уво сѐ чуло.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие закони дозволуваат да се повлече права кон оваа или онаа точка на иднината а не да се оди по комплициран кривулест пат со лажна потера по сегашноста.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
МАРА: (итро). Ако не да му ги сокриеме и да речеме ти не си донесол таква работа — пари во куќава.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Ништо, ако не да вечераме, пак може низ вечера ќе ни падне на ум како да направиме. Што ќе речете?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зошто да ми е срам? Срамота е да лажеш, а не да ја кажуваш вистината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мислев дека денес ќе можам да го убедам вашиот син ако не да се откаже од своите намери, тоа барем да се фрли под друг, а не под мојот воз.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Стануваше сѐ потешко да се излаже за трагичната вистина, која секој од нас се обидуваше, не да ја заборави, ами барем да не мисли постојано на неа и да не боледува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Секоја држава се мачи, ако не да прави нови завладувања, политички, економски и културни, тогаш да ги зачува оние што се направени од понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нашите интереси треба да си ги изучиме и да си ги заштитуваме сами, а не да ги даваме во туѓи раце за да ги експлоатираат малите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но наместо тоа Македонците фатија да гледаат на себе како на Македонци, со свои одделни цели, и сакаа не да служат како орудија за српски цели, туку да ја употребат српската политика како средство за постигнување чисто македонски цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонците бараат национално обединување помеѓу нив, но притоа сакаат тоа обединување да стане не врз нова почва, не да се зафати одново, зашто таквото обединување ќе бара многу време, а обединувањето беше важно како средство за постигнување политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа треба свето да ги чува правата на сите христијани, а не да ги жртвува правата на едните во полза на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Србите во текот на 25 години, особено во последниве 20 години успеаја, ако не да ги направат Македонците Срби, тогаш барем да создадат во европското јавно мислење убедување оти во Македонија има и Срби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
84. Додека сѐ уште чадеа илинденските пожари, бугарската влада навистина побрза да го испрати конзервативниот политичар и државник, туркофил и русофоб Григор Начович (1845-1920) во Цариград за да се погаѓа со Турција за правата на „Бугарите” во Македонија, а не да им дозволи на Македонците самите да се појават како фактор на преговарачката маса за сопствените интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттука е јасно оти добро разбраните интереси на Турците и на Македонците им диктираат не да си ги трошат нивните сили во меѓусебна борба во полза на заедничките нивни непријатели, ами да си подадат еден на друг рака и да ги отстранат сите фактори што им пречат во нивните пријателски односи и заеднички интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А културниот човек, за да има право да се наречува таков, треба да гради, а не да руши.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Многу подобро ќе биде да им се довериме на најзаинтересираните држави за нашите работи, особено на православна Русија, којашто ги знае убаво нашите потреби, а не да се надеваме на самите себе и на некои конференции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Никако! Таа има можност да избира во селово, а не да го зема најсиромавиот човек, копук“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од другиве излети главно нема фотографии зашто се инкриминирачки и можат индискретно да се искористат за јавна бламажа, или тајна уцена па, секако, е подобро да не паѓаш во транс, па да документираш нешто што може да биде сѐ само не да биде трајно... па, нели излет се вика?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаеш, ти си ми многу чуден. Ти си еден од ретките планинари кои природата најмногу ја користи за да ги тамани цигарите, а не да си ги исплакне дробовите со чист воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не можеше ниту да ги собере, а не да ги поврзе во низа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се присети на заклетвата што самата си ја даде дека тој никогаш не ќе смее да ѝ се доближи, а не да влезе во нејзините мисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да сум јас одговорна за салата не би им дозволила на тие средношколски заводнички ниту да се доближат, а не да влезат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А и страшно беше надвор, во тие долги зимски ноќи. Ти е страв да погледнеш, а не да излегуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Џвака сланиничка и потпивнува вино, чепот му бил до уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господ те обележил, рекол отецот, Кузман или Дамјан, кој ќе знае, но не да бидеш свети Лука или свети Никола, туку луѓето да се чуваат од тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
10. ГОЛЕМА ЛАЖИЦА САКАШ, ГОЛЕМА ЛОПАТА ЗЕМИ - земајќи ја лопатата си намислил некој со неа да срка, а не да ја бодина в земи - ете какви чудесии запостоеја на веков!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Не треба тој да брза, вели едно време, треба добро да ја сработи работата, а не да брза.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Mope да знајш кој а набра, ќе а врлиш долни крај, и ќе бегаш далеку не да а мирисаш, оти може да те маѓепца, чупе!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако се бара здравје и напредок за овците, ќе се донесе или овца, или коза, некој стог сено за да се изранат 800те манастирски овци; ако се бара здравје за говедата, ќе се ариза ја само теле; крава или пак и двете заедно; да навали св.Димитрија потешко да се умножат поголема сурија) ако се бара услуга човек, тогаш со што ќе знае свети Димитрија оти тој и тој бара од него некаква заштита, ако не да ги гледа тука, пред него по една две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, ако имаш милост да ме ислушаш да ти раскажам како нѐ насамарија, со итрина, не да речеш со јунаштина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Јас дојдов овде да живеам, рекол, а не да страдам...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со Еда Бранов јас се имав видено и друг пат и знаев дека исти работи бркаме, освен политиката во којашто јас не се мешав. Не да не се мешав...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Поезијата е можеби начин, сами да опстанеме во лавиринтот а не да најдеме излез.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Што гледате?! Има да слушате, не да гледате!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но, бидејќи не му бев одговорил а помина поприлично време Пачев ја тргна раката од моето рамо и седна на креветот. – Подобро ќе беше да ја фрлиш в оган а не да ми ја донесуваш. – Секој ден идевте за да видите како ѝ напредува работата на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислив тоа го правите зашто ви се допаѓа сликата! – го потсетив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Јас да сум, на сон ќе го убијам,а не да му спијам дома!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
-„Кои работи во животот ве тераат да застанете и да живеете, а не да трчате кон крајот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето повеќе не знаат што сакаат, полесно им е да кажат што не сакаат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А завардувам дали ќе видам некој, не да речеш дека не завардувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А не да викам, туку рикам, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас дојдов да се лекувам, велам, а не да полагам испити. — Добрѐ, добрѐ, вели главниот лекар, јас ќе ве оперирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не да речеш за нешто поголемо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До пијалаците се – сусамките, печени бадеми, кикиритки што Ескимите не ги виделе ни во сон, прженици од печурки, па и тортата, толку убава што ти е жал да ја чепнеш, а не да и ги наковаш забите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Барем така, преку рид, преку трап, со пешник леб во едната и парче сирење во другата рака, да се пцуеме, да се караме, а не да пукаме и да се убиваме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од двете страни на местото по кое се поминува за да се оди кон свеќниците, пред олтарот, имаше по пет, едни како столови, ама не да седнеш туку со држачи да си ги поставиш рацете и со една штичка да си го потпреш задникот кога ќе ти дотекне да стоиш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Затоа, ако и згрешам негде, било со збор, или со дело, браќа мои, штом ќе го читате ова да пеете, а не да колнете.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)