немој (чест.) - со (предл.)

Ми идат зборовите од мајка: „Немој со маж под ист покривач да легнуваш“!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И затоа немојте со злосмев да го потсилувате она што би можело и вас, на ист начин, да ве дразни, навредува и гризе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Можеби баш такви, прецизни треба да бидат и нашите молитви, за да бидат услишани: „И дај ни го лебот наш насушен, ама немој со адитиви“.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)