немој (чест.) - после (прил.)

Димитар е рапер. Фотографијата на баба му ја носи во паричникот и така секогаш му е полн и кога ќе ги потроши парите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- А така, а?! Добро, да си знам .. немој после...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- ... Нема! – го прекина таа. – И речи ѝ прво здраво на Бреза, па после отворај фрижидер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немој после да жалиш како мене, рече мајка ми. Нема, реков јас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Само, - додаде тој потсмешливо - немој после да биде: мамо, тато, овие ме тепаа! Такви лигавења не поднесувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)