ни (чест.) - дете (имн.)

- Знам, вели Витомир, децата се прават без панталони, вели, ама оној што нема ништо в панталони, нема ни деца, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Погледни, твојот братучед ми заспа в раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Јас немам овдека куќа, ни жена ни деца, ама ете, а брате на! — сакам да ми дојдете каде шо живеам да ми го честите денов.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Малиот Мечкојад, прцулче во секакви партали, прашал кога ќе умре Јаков Иконописец и некој се насмеал (- Господи, рекол, ни децата не се веќе деца), а тој настан, навидум без значење, ги обележил триесетте и неколку години на Мечкојадовото лице со триесет и неколку брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)