па (чест.) - јас (зам.)

Па јас и за моите деца сум згрешавала, а не за добитокот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Или тапиите дај ги, велат, или омажи се! - Па јас сум мажена, велам, при жив маж ли да се мажам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па јас толкупати сум седела со неа, таа прва ми ја соопшти смртта на Сталин...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па јас и досега бев сама, сакам да му вратам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)