па (чест.) - после (прил.)

Пред мене роди чинела машко, а тоа ќе се расплаче и ќе подзине. Па после, роди женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па после ќе ја сврти платицата, ќе ѝ изврти нова дупка со сврделот, ќе ја презапне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после почнаа војните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после и јас зедов, ја сопашав скутината и му ја покрив главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после си ги сменивме собите со Мирчета, и вистина човекот жугна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после, ти велам, се искрадува Мисајле Ковачот, се истргува некако, никој не виде во тој прплец кога отиде дома и кога се врати од дома, туку еве го со пушка в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после ги клаваа коњите в тепсија. Со сите четири копита в тепсија. Пијана работа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после отидовме сите, цело село отиде да го моли поп Танаско.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после кажува Витомир, по Витомира пак јас, тој, јас, тој, јас, се менуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Даскале, пушти ми го детето да ми помогне, па после кажи му што треба да му кажеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после ќе го натерал да му свири со гајдата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)