па (чест.) - не (чест.)

Сакаме на каналот, па не знаеме откај се оди, - одговори бргу Беличот. – Чичо, да не знаеш да ли одовде е поблизу?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Па не си венчан со гајдата, му велиме ние, а тој само липа, шмрка, се лигави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па не може, што се вели, и вода да газиш и сув да останеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едни крши тревчиња, други реди за да преврне. Па не би час преврна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)