така (чест.) - е (гл.)

Така е, вели кумата и врти со очите, целата снага ја врти во облеката своја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Така е, и подароциве ќе ги поделиме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Така е тоа, велам, еден ја грее манџата, а сите дуваат во неа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Така е, мила мајко, токму така, жими тебе...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- И сиромаштијата е убава, велам, и сиромаштијата е убава кога е од бога. - Така е, вели Григор, така е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Така е, вели Витомир со насолзени очи од чадот. - Ние, за умен човек имаме само еден збор, велам, којзнае зошто ама за умен човек немаме повеќе зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Така е, така е. – испеаја како во хор – овој е оној од лани!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Проголтна и пак праша: - Така е, верни мои, ама момичката решила да ми го докрајчи срцево.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)