така (чест.) - тој (зам.)

Така тој почна да тргува со маката на луѓето . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така тој, за чудо големо, ја пригледал својата убавица, Нова Година.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)