така (чест.) - и (чест.)

Но езерото како што се разбесна, така и се смири.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така и сега на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Слушам така и на секој збор потрепнувам, целата ќе се занишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)