ти (чест.) - ја (зам.)

Квечерината јас и Саше игравме „дама“, кога, ете ти ја Бреза, ја отвори вратата со нога и се втурна кон нас. - Ќе биде беља - си помислив - сега ќе ни ги растури фигурите!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дали смртта вака притиска, си мислам, дури да ти ја истера душата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Во една ваква дружина многу се двајца со исто име, Онисифоре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ајде, замавни со ножето за да ти ја разделам главата на резени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)