ќе (чест.) - боли (гл.)

Ништо и - никого На сонот ништо и никого и некаде пред зори, само, гласот на мајка ми која одново ме поучува - ќе боли, ужасно ќе боли тоа, но ти слушај ја мајка: секогаш боли мртвото кога оживува тоа мајка убаво го знае.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сонот ми вели брзо ќе ми се вратиш, брзо...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И знаеш, Ѓорѓи, ако некогаш добиеш ќотек од сопствената власт, тогаш тој многу повеќе ќе боли, зашто пред се ќе биде голема навреда зашто ти си јa наранил со својот леб, си ја стоплил во твојата постела...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За многу работи во животот ќе немаме рационално објаснување, но еден ден вистината ќе не удри толку силно и толку силно ќе боли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ме личи. А ќе боли повеќе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ќе болат раните... низ векови - лузните... ******
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Има болки што никогаш не се лекуваат. Болат и ќе болат ...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, има луѓе на кои нивното чувство или мисла им бега и се вселува во некој друг, во нешто друго; или можеби, некогаш одамна, научиле дека помалку ќе боли доколку дел од своето Јас, оној дел кој чувствува нешто, се префрли во нешто друго, наместо да остане во нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка, додека се обидува да заспие, го слуша ветерот, и ѝ се чини дека тој, а не нешто длабоко во неа, цвили, и помислува – “Колку тажно, колку болно цвили ветерот”, го слуша ветерот и останува глува за својот внатрешен цвилеж, не погледнува што е тоа што цвили во неа, затоа што некогаш таа вслушаност во сопственото цвилење болела како нешто да откорнуваат од неа, и затоа сега го слуша ветерот, слуша како ветерот цвили од болка. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)