ќе (чест.) - вози (гл.)

- Нема да изнесувам кофи, ама цела кола лајно ќе возам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Доаѓаа и девојки, и ние се правевме важни; најпрвин тој ќе ја извозеше целата патека за рекордно време, а потем јас ќе возев на едно тркало само на рамниот дел од патеката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Коста, кога дозна од командирот на втората механизирана колона со седиште во Корча, дека ќе вози некој офицер на ДАГ, замоли: - Другар, командир!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бевме едногласни: да си ги земеме велосипедите, божем ќе возиме низ нашата населба, а јас да ги понесам и тениските рекети, можеби некое од игралиштата во паркот ќе биде празно, па ќе нѐ пуштат да поиграме без пари. Така и сторивме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А ти мислиш дека тоа е награда за мене?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ќе се вратиме до седум и пол – реков на тргнување. Тогаш е сѐ уште ден, а Мила мора да е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го вклучи автомобилот. Ќе вози во текот на целата ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Утрото Јадранка ми рече дека еден ден ќе вози таков џип. Да ... - рече - ќе видиш... Јадранка да не се викам ако еден ден не возам ваков џип.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)