ќе (чест.) - гази (гл.)

Шармот на невидливото ќе го опседне и тука навистина ќе наликува на тебе;  ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата ќе разговара со современиците, преживеаните ќе ги препрочитува нивните мемоари и дневници ќе гази по рабовите ќе се загледува де на лево - де на десно одржувајќи рамнотежа за да стигне до крајот  со непрестан зазор да не би да падне некаде на полпат како тебе. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Наскоро, луѓето, овие овде, ќе газат по мене, По грешка, сметам, и тоа толку често, што Нема многу да остане од мене. okno.mk | Margina #22 [1995] 51 Јас ќе станам дел од ѕидовите на пештерата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И ние уплашено им правиме пат и ги поздравуваме. И сѐ додека се плашиме, тие ќе газат преку нас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога ќе ѝ ги спомнев на Таша приказниве што ги имав слушнато за војникот и белиот коњ таа ниту ќе потврдеше, ниту ќе одречеше. Само очите ќе ѝ потемнеа. Ќе одмавнеше и со раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Штом стрелките дојдат до таа позиција на 5 часот и 17 минути, тогаш ќе рикне една снажна, народна, патриотска песна, која ќе говори за непокорот на овој народ, за сите херои родени и неродени кои газеле и ќе газат по оваа земја - продолжуваше Гаврил пред огледалото.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А се случува богами напати таа вода да се престори и блатиште по кое потоа со денови ќе газиме и ќе си го валкаме умот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не на ледината ќе газат твоите леки нозе, а на ова печално срце, како на подвената ледина, ќе го извиеш ти најубавиот танец, што еден само ќе го знае, еленче мое”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)