ќе (чест.) - гради (гл.)

Тие ќе градат големи фабрики, рударите ќе копаат длабоко во земјата...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Млади тогаш ќе тргнат бригади низ крај роден ќе градат и пеат, ширум в села и далечни градој ден ќе расте под сината стреа...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се подготвуваат нови објекти па се надевам дека „бетноците“ пак ќе градат во Пјештани, на Куплени Остров... - вели Полак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се подзамисли Ризван-бег ефенди: „Демек, си решил, ќе градиш џамија, ами знаеш ли дека дерман ќе немаш од твоите за тоа?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И до кога тие наши луѓе и натаму ќе ги водат недоумени, до кога судбина лоша ќе им кројат, до кога врз нивната несреќа своја среќа ќе градат?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На нејзино место ќе градат нешто ново.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Абе тој ли ќе гради или Партијата?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш вас, кои ќе градите куќи, за лошо поставен камен, малку накриво или, пак, недај Боже, ќошот малку да е крив или ако под покривот ќе видат како се шмуга сонце, е тогаш, да знаете - ќе ве прогласат за народни непријатели и ќе кршите камен...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)