ќе (чест.) - докаже (гл.)

На Толета му се отворија очите и се осети окуражен кога разбра дека и други како него мислат за она што сам си го постави за цел; а Трајко и Атанас, задоволни што ја исполнија задачата што им ја возложи Организацијата, дури и со факти ќе докажат со двесте и педесет лири, дека Толета го завртоа на нивна страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На разделба Трајко му рече на Толевци: — Ете, отсега да знајте, кај ќе одите, ќе и барате нашите работници од Организацијата и тие ќе ви даваат јадење и меќан без да плаќате ни грош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Баш ми е драг Барак Обама! Многу сакам кога ќе се појави така некој аутсајдер, па сите фаворити ќе му се смеат, а тој ќе си тера по свое и на крај ќе докаже дека е фаца, а сите други ќе испаднат магариња.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„А како ќе докажам дека сум умен?“ праша уште нејак од треската. Не му одговорија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе ја побарам и ќе докажам дека не го рекла.“ „Тогаш и јас ќе ја побарам“, рече Иван. „А тоа ќе биде доволно да не се сретнете.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Е ќе докажам дека сум во право!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Сакам и Онисифор Проказник да дојде со мене.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Кога ќе докажам, запомни, ќе биде доцна да го одбраниш крадецот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе дојдам кога ќе докажеш дека пушката ја зел Онисифор Мечкојад.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бојата на ноќта и светлоста ги прави сите луѓе дволични. Кој ќе докаже?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)