ќе (чест.) - заплаче (гл.)

Не го сфаќаше прашањето и гледаше во него со прегрдо лице а тој, директен како и секогаш и сигурен дека може да господари над другите кога и да сака, дообјасни: „За тебе и за него, за вашите врски.“ Му се стори дека ќе заплаче и ја сожали.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Секој момент ќе заплачев, ако не беше тука и Ели.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога видоа дека Илчо секој момент ќе заплаче и баба му и татко му почнаа да го тешат и да му ветуваат дека ќе му купат друга санка, уште утре.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога ќе заплачел некои го успокојувале: „Не плачи, не си ти ѓаволче...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој се чувствуваше беспомошен, слаб, чувствуваше дека ќе заплаче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Знаеш ли како се заколнав? Знаеш, знаеш си чул. Оној ден, кога во твојата куќа ќе заплаче твојот пород, ќе те убијам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе заплаче, мислев тогаш. Готово е ќе заплаче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дедо Димо слушаше со наведната глава, гркланот му подрипнуваше, се топеше од блаженство, му се чинеше на стари години ќе заплаче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мојата одмаздољубивост не ме оставаше на мира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не – одговори таа кратко и ми се стори дека ќе заплаче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ЉУБА: Сѐ, сѐ. Мамичке, јас веќе сега ќе заплачам. Оди да спиеш, те молам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога тие ќе заплачеа сите плачевме и сите се радувавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И чекавме да слушнеме дали ќе се отвори порта, дали некој ќе викне, ќе заплаче, ќе се расмее. Ништо. Празнотија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оној ден, кога во твојата куќа ќе заплаче твој пород, ќе те убијам. Клетва си е клетва, зошто не пазеше?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Што им велиш на пеперугите на твоето рамо кога ќе заплачат?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Си велам не го личи сонот со император плачипутка со опроштение Дај сврти некаков друг сон похеројски и повесел сон Ама врти сучи Цезар сал туку ќе заплачеше Баш кога не очекуваш тогаш ќе заплачеше Дури најнакрај не се разбра дека цело време Цезар си го плаче претсказанието Оти само тој знаеше дека му истекува рокот на Или Цезар или никој
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Мислиш ќе заплаче. Ја навртувам пушката и ја застрелувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе заплачеш ли?“ запраша тој. „Мислам дека нема да заплачам.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)