ќе (чест.) - заплови (гл.)

Се надеваше дека со ова ќе заврши лудиот период во пубертетот на неговиот син, по кој со негова помош ќе заплови по помирните далги на зрелоста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А тогаш сите заедно ќе се вивнат, ќе запловат, ќе јурнат, ќе се размавнат, ќе скокнат и ќе полетаат кон Сонцето, Месечината, ѕвездите, ќе појдат над Атлантикот и Медитеранот; над полињата, дивината, градовите и населбите; кон спокојот на небото, со раскрилените пердуви, трескавичниот шум на телото од леталото, ерупцијата на вулкани, во застрашувачката, трескотна грмотевица; отпрвин трепет, колебање, потоа возлет, издигање, чудесно наднесени ќе се засмеат и ќе си ги провикнат имињата во просторот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)