ќе (чест.) - збесне (гл.)

Поручниците се смирија, како дечиња во училница кога наставникот ќе збесни поради нивната недисциплина и ќе почне да се дере како нездрав.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ти си замислуваш дека постои нешто што се вика човечка природа, која ќе збесне поради тоа што го правиме и која ќе се сврти против нас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа долго патувавме со помош на црвените линии што ги исцртувавме од место до место, од град до град, преку планини, мориња и океани. Каде сѐ не бевме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Смееш – одговорив, иако знаев дека брат ми ќе збесне од лутина кога ќе види, бидејќи атласот е негов, но го користам и јас понекогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не дај боже да ми се рацете нечисти, па да му оставам некаква трага врз листовите, или да му свиткам некој лист, кога ќе збесне, пострашен е и од брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дента, откако ни здосади со албумите, малку се врткавме бесцелно низ собите, малку гледавме телевизија, ама немаше ништо интересно, кога Саше предложи да го прошетаме Бак.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)