ќе (чест.) - извлече (гл.)

Еднаш тоа беше ефтин полициски доушник кој веднаш ја покажуваше вистинската карта, а другпат, ќе им се придружи некој натрапник, верувајќи дека ќе извлече некоја пара од наивните старци, макар што тие не играа за никаква парична добивка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Малечка пауза, во која доаѓа до израз гласот од екранот со тркалечко „р“: ...се прретпоставува дека евррото ќе извлече од перрниците над милијаррди маррки...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Гледај како се буткаат. Еден од ваму, еден од таму, сите би сакале наеднаш.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нему му беше нужен цврст, непомирлив противник што ќе ги впрегне сите негови сили, што ќе извлече и некаква скриена сила и лутина, а Јурукот се покажа над сите очекувања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така и тогаш, се ослободив малку од моите стравови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти ветувам за ова, ти ветувам за она, баш си досадија! Кога ќе извлечам ветување од татко ми, мирна ми е душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Другарот Ѓурчин се надева дека ќе го затворите случајов бидејќи тој го смета за расчистен - рече човекот од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ова е кацеларијата на другарот директор - ме сепнува гласот на човекот што ме спроведува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се наоѓаме всушност во дворот на затворското здание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да ја видам јас неа кога од џебот ќе извлечам змија, на олкави ќе ѝ пораснат очите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Ќе видиш какви заклучоци ќе извлечат умните и праведните, подоца, во иднината, кога ќе можат со студени глави да ги оценуваат вашите неконтролирано истурени зборови со кои сега толку се гордеете.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И кој ќе извлече победа ќе се закити со слава!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)