ќе (чест.) - изнесе (гл.)

Ова е денот што долго го чекав. Дојде Големиот ден. Вистинскиот ден, оној во кој на виделина ќе изнесам сѐ што знам и умеам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И токму во моментот кога сме спремни да ги прифатиме сите негови понуди и совети, тој неочекувано ќе изнесе пред нас нови созананија со почудни противдокази.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доколку инспекторот на трудот по повторената контрола утврди дека работодавачот не ја отстранил неправилноста за која еднаш веќе му е посочено дека ја сторил во тој случај инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочната комисија согласно закон. (чл. 6) Со измените на Законот за минимална плата од 10.02.2014 година е прецизиран износот на минималната плата и е предвидено дека истата ќе изнесува 10.080 денари во нето износ која ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година. (чл. 1 и чл. 6 од ЗИЗМП/фев.14) Со оваа измена на законот е направена своевидна дискриминација на работниците кои работат во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, кои важат за трудово-интензивни дејности, каде е предвидено дека минималната плата во овие сектори ќе биде во помал износ и тоа за 2014 година минимлната плата во овој сектор ќе изнесува 7.500 денари, во 2015 година 8.050 денари, во 2016 година 9.000 денари, во 2017 година 9.590 денари и во 2018 година нејзиниот износ ќе биде 10.080 денари. (чл. 4 и чл. 5 од ЗИЗМП/фев.14) Со измената на Законот за минимална плата од 05.12.2014 година дојде до измена на чл. 7 со што е направено своевидно поострување на глобите за работодавачите и за одговорното лице во правното лице, доколку не му биде исплатена минимална плата на работникот утврдена според закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Можеби вие сте тој што има проблеми: ќе одам дотаму што ќе изнесам една хипотеза дека вие сте во контрадикција со самиот себе до таква мерка, што дури и не можете да видите колку сте некохерентни.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)