ќе (чест.) - каже (гл.)

Ти беше онаа што се справи со четворица на оној таван во вилата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ха, неверојатно! Кога ќе им кажам дека те сретнав ќе кажат дека се просерувам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дали македонците се такви? Да! Да! Ќе кажам многупати да!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога дојде на ред за камбана, јас реков, од мене ќе биде, како и бунарот, ќе кажам и за тоа, и самиот отидов дури до Лариса, кај браќата Грегоријади, ја порачав камбаната и се донесе, дури уште не беше ни изградена камбанаријата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега ќе кажам дека со Владета се сретнав еднаш пред околу два месеца, беше јули, ми се чини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од спомагателните работи почнав со еден бунар што дадов да се ископа во Маказар, а за другото кажав и понатаму ќе кажам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ниту ќе го крене погледот кога јас ќе дојдам и ќе ме праша - дека си чупе... што ќе кажеш... Дома, арни сте сите...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нема да бидам жива да го напишам мојот животен пат. Затоа ќе кажам само неколку работи...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тропање на приборот за јадење. Чаши. Непознат број.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас да го зашибам кај што знам - неколкупати само, вака, па вака, па вака - море ќе каже и оро ќе игра! Ако не - шилото...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Па има некој нејќе да кажува. Не ќе каже, кога ќе му се засуче Пиларски?! Здравје да имаш!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А ќе кажам зошто. Подоцна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трајко ги собра рамениците и повтори. — Аир ефендум; ни знам, ни абер имам за такво нешчо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе кажам, ефенди Толе, ќе кажам, само да не правиш лошо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слушам од тебе — од мене оти најсна ќе правеле тиа неранимајковци некој бунт, ама кога и каде, право да ви кажа и мене не ми кажуат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од кај дојде, што дојде — тие ќе кажат дека народот беше нарачан од муљазимот и се собра на сретсело пред црквата, а Толе никна како од земја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ништо. Најпосле се реши да каже.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти сега на судот ќе кажеш дека тој те нападна прв со јатаганот и ти за да се одбраниш мораше, во стравот од смртта и во лутината, да го удриш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас ќе кажам тебе, ама ти никому.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дали ќе и викнат, та ако и викнат веруам оти ќе кажат како шо беше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, да чуеме, коџабаши, — проговори јузбашијата очигледно нервозен од неизвесноста, дали Трајко ќе каже или пак само гледа да помине времето да не оди кај Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој знаеше мошне убаво кој е Расимчауш и како ќе помине ноќеска кај него во кашлата. Не ќе може да издржи под тешкиот ќотек и ќе признае, ќе каже што знае.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа сега ти ќе кажеш се што знаеш по овој работа, да чинам абер на кајмакамот и валијата, оти ако разберат од друг, ќе обесат обајцата нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ујгун работа излезе! — рече Толе кога му го предложија ова.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во овој текст ќе се обидам - ко некаков товарен лифт - да спојам неколку зони на прашања: за односот меѓу внатрешното и надворешното во светлината на односот меѓу два медија - во случајов наречени “архитектура/филм/”; освен тоа, во најкуси можни црти (молскавични ко потпис!) ќе се обидам да ги изложам проблемот на идентитет-легитимитет и улогата на потписот во тој контекст; на крај, како илустрација за одредени ставови наметнати во текстот, ќе кажам неколку зборови за филмовите со Бетмен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Радиото ќе каже. (го вклучува радиото) Глас од радиото: ...од многу други причини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Да чујат што мисли и што ќе каже тој, умот на Републиката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Е, што велиш ти, што ќе кажеш ти, мислиш дека во генералскиот апартман тече мед и млеко низ водоводните цевки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ќе бидам готов штом ќе кажеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Другарот Чапаев, небаре читајќи ги неговите мисли, продолжи: -Всушност, не се работи за никаков испит, туку ќе треба да говорите за вашата идна мисија како судија, како што знаете и умеете, ќе кажете што очекувате од вашето судење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ако платат.” 26 години подоцна, Курт Кобејн од Нирвана пишува, “Не се чувствувам ни малку виновен поради комерцијалното експлоати­ рање на сосема истрошената рок култура бидејќи, во овој момент на рок историја­ та, панк рокот (иако сѐ уште свет за некои), за мене, е мртов, не постои...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да се биде Lo-fi, под техничките стандарди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе би­ дам првиот што ќе признае дека сме верзија на “Cheap Trick” во девеесеттите или на “Knack” можеби, но и последниот кој ќе каже дека тоа не се исплати.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
После тоа, Истражувачот остварува потполна хипнотичка контрола - само ќе тропне, и субјектот ќе доползи, или, да речеме, само ќе каже “Отвори се Сезаме”, а субјектот ќе се посере на подот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А Елена ќе каже и ќе нѐ задржат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во врска со сето ова, како податок лично за себе, ќе кажам дека меѓу моите текстови има малку такви што се врзуваат во метафорика, и воопшто по изразните својства, со македонската народна поезија. т.е. што се пишувани , по обичното велење, во духот на народната поезија“, вели поетот Блаже Конески, соопштувајќи ни одредени посебности од неговиот поетски опит.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
МИТРЕ: Ај, нека го испие филџанот пак ќе каже.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Секој ќе каже, кој што не оставил не бара...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да го држиме до утре, додека наредиме друг да го земе гајлето, ќе се лутат старите; ќе кажат еве каде сме, знаете саатот како го чекаме да го видиме, а вие сте го задржале за работите ваши.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Веруваа, се надеваа дека Атанас, по исплакувањето на Молитвена Вода, ќе си дојде дома и ќе каже што го натерало толку силно и толку жалоито живи да ги оплакува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога тој таа вечер, наредниот ден и наредната ноќ, не дојде, мајка му, со шамијата в раце, лелекајќи се загна во Прилеп, кај делениците, за од нив да дознае нешто за Атанаса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Што ќе кажеш?“ „Ќе викам, слушајте, слушајте, овој подарок е од...“ ќе мора да го кажам твоето име.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој тргна со самодоверба. Додека одеше, подразмисли за тоа што ќе каже и како ќе го каже, а веќе го имаше смислено тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако јас ви дадам подароци кога ќе ја завршите нашата куќа, дали и ти, од покривот гласно ќе кажеш што сум подарила?“ „Ако ти го сакаш тоа.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ќе кажеа дека разголувањето е “и неодоливо и неволно”, јас тогаш ги запрашував за тоа како наоѓаат време за разголување 10 пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога зборував со нив за ова тие ми рекоа дека можат да го добијат поривот дури и 10 пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потем замоли да му се даде слово сочинето со тие букви, и рече дека утрината ќе го прочита на глас, пред сите нас, и дека ќе каже за какво собитие говори словото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За разлика од нив, дрегот, кампот и разните културни присвојувања и идентификации се, строго гледано, поткултурни практики, доколку се во зависен, вторичен сооднос со претходните негеј-културни облици на кои реагираат и на кои им го должат самото свое постоење – какви што се општествените норми за мажественоста и женственоста, сериозната професија политичар, автентичните идентитети и емоции, главнотековните ликови како Џуди Гарланд или Џоан Крафорд и главнотековните естетски или општествени практики, од операта, бродвејските мјузикли, сентименталните песни и популарната музика, до архитектурата, историското зачувување, цветното аранжирање, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Списокот на оригинални дела од геј-мажи што за поаѓалиште ги земаат стрејт-општеството или главнотековната култура може да се проширува речиси бескрајно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што ќе рече твојата мајка Изабел, што ќе кажат другите?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но, бидејќи делото е извршено под француско знаме, т.е. на француска територија, сметам дека францускиот суд е компетентен и може да ми суди и само таму ќе кажам што знам“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ели брбореше дека кога и таа ќе биде голема ќе кажува на приредба.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
ТЛ: Што ќе кажеш за Ривиера? ВГ: Ривиера е некој вид терминал проблематична личност (bag-person).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Израснал во радиоактивна дупка, во која канибализмот е единствен начин да се преживее.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Што ќе кажеш за Лукас Јондербој? ВГ: Лукас е моја реакција на посенишната и поинтересната страна на панкот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Млад и енигматичен. Кул, до степен на необјаснивост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е како Suddenly Last Summer. Си го гледал? Кога момчињата се растргнати од малите Мексикански деца?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој е член на Модерните Пантери. Тие се еден вид на МекЛуановата Освета. Медија-монструми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа ќе кажам дека за авторот искажаната лоша оценка од примачите на делото е секогаш подобра од премолчената добра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така тврдоглаво стојат на ставот дека одредена пиеса која излегува од нивната театарска работилница е комедија, (а таа е обична лакардија), за актерите ќе кажат дека се одлични комичари, (а тие се обични хумористи - тоа што го реализираат на сцената може да се перципира како смешно, а не како комично).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За да бидам во дослух со она што сакам да го наметнам како терапија, односно за да бидам смешен, ќе кажам дека доколку нашите театари заклучат дека не ги бидува да направат добри, лековити смешки, тогаш не им останува ништо друго освен да побараат помош, а од кој друг, ако не од - Чак Норис.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Газда, ај речи му дека ич кур не не боли што ќе кажат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За да не застранам во излагањата, ќе си се свртам кон театарот и ќе кажам дека наведениот изум-плаштот што те прави невидлив, може да најде ефикасна примена и во театарскиот живот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тургењев, за судбината ќе каже дека е создадена од секого и дека секој е создаден од неа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Многу од авторите кои сакаат своите творечки изјави да ги пласираат како постдрамски ќе кажат дека најдобро дело е она што не е напишано со зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Народниот гениј, на инаетчиите често им дава животински особености, па неретко, за некој инаетчија ќе каже дека е магаре, то ест дека се инати како магаре на мост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во животот сѐ уште не сум слушнал човек што ќе каже: „Леле луѓеее, да можевте да видите, поточно, да можевте да слушнете, каков аплауз сум упатил на актерите на сценскиот живот“, затоа, пак, многупати сум слушал како некои чинители на духовните добра се фалат токму со гласноста и времетраењето на аплаузот што им бил упатен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оставајќи го Пикасовото на Пикасо, ќе кажам дека за нашите театарски творци случајноста е другото име на Господ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во ниту еден случај, не можеш да наидеш на творец кој ќе каже, „Не сум добар поет како Конески, па наместо да ја тровам нацијата со лични творби, ќе ги учам неговите на памет и ќе ги декламирам во секакви пригоди“ Недстигот на таквата доблест, прави нашата книжевна средина да биде исчистена од авторитети.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Е, сега, некој ќе каже, па штом е хендикепиран, сигурно ќе биде необичен, различен од другите. Но, не е така.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По многу години од Арагон, еден друг, исто така, творец на уметничкиот израз - филмски актер, во едно интервју ќе каже дека изиграл театарска претстава само поради тоа што во публиката забележал две очи кои му испраќале така топли, така искрени и полни со разбирање, погледи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Затоа дефиницијата која за сликата ќе каже дека е „претставување кое е сочинето од делови кои се присутни во духот на набљудувачот, преведувачот“ е сосем јасна и точна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не сакајќи да избегам од мојата опсесивна тема Театарот, ќе кажам дека во нашите театри завидливоста и појавата на плагијат, зборувам воопштено, скоро е незабележителна, то ест не дава никаков прилог кон сценското творештво.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зошто токму Македонците се прекоруваат и се исмеваат секој пат кога јасно и гласно ќе кажат дека се Македонци, дури и кога не зборуваат за никого друг?“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Солзата ќе каже по свој стил, колку краток е векот на љубовта...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Има, например, овде еден таков кој речиси целосно се распадна, но еднаш за некои шест недели тој сѐ уште ќе каже еден збор, секако бесмислен, за некаков си бобок: “Бобок, бобок” - но и во него значи, животот тлее како невидлива искра...“ okno.mk 157
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ е сконцетрирано, според него, во сознанието и продолжува уште два или три месеци... некојпат дури и половина година...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас сум сестра на сонцето и не сум родена од мајка и од татко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ако си чис, ќе каже црквичката.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Јас, мајче, ќе кажам како сум пораснала, ама прво ќе ве молам, тоа што ќе кажам немој да кажите на син му од царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој знаеше по еден, а по некогаш и по неколку дена од - време навреме да подречува по неколку збора сè за едно исто, како да ги измислуваше, молчејќи, сите свои мисли во тоа молчење, од по неколку часа, а потоа ќе кажеше некому, или напросто себеси, тоа никој не можеше добро да го знае, ќе кажеше што смислил: „Животот ти е цел, еден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да го кажеш она, што го знаеше, она, што те пребори. Така барем ќе кажеше сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и нѐ моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќам и чекам дали ќе се накрене Здравко, дали ќе каже нешто благата вода. Ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние чекаме што ќе кажат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некое ќе потклоцне во сонот, некое ќе каже нешто нејасно, јас ќе го прашам што сака, а тоа пак ќе каже нешто, ама сега уште понејасно од првото кажување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почнуваше часот на крводелницата. „Ако не кажеш ти, таа ќе е кабил да каже. Го убивте ли брат ми?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ајде, мажу, не чекај. Под твое рилиште сум. - И не ќе чекам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се веднеа да му подадат рака и да го смират, се потргаа од неговото грчење и чекаа: ќе се исцимоли, ќе каже како ја запалил лесновската куќа. Го жалев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се бранеше, Проказниковите обвинувања не му ја засегаа душата, но бездруго му студеше или се срамеше од извалканоста на своите гаќи околу кој се мавташе долг учкур.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе каже. Ќе ја сечам и ќе проговори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Знам што сте“, исцеди од стеснатите усни Турчинот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе ве кајдисам, живи ќе ве печам, суртуци, но ќе кажете што сте му направиле на брат ми.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но почекајте вие. Попов ќе каже како запалил. - Лажеш. Не запалил. - Запалил. Прашајте го.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Јас, бегу, нема што да кажам. Ни ќерка ми ништо не ќе каже. Ништо, ни под нож, бегу.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
АНТИЦА: Јас оставам како ќе каже Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Сега ти како ќе кажеш...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Секој ќе каже: се истркалало поклопчето, си го нашло грнчето.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Што ќе кажете нешто?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И ќе кажам зошто секој да те плука.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа, јас пак ќе кажам пар.’ Кажува така, и добива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Арно ама, претчувствувам дека нема да доживеам да го препознам и да го внесам во тајните; тој ќе се појави,ќе го покаже своето вистинско лице дури откако јас ќе умрам, и кога ќе дојде време, со вцрвенети образи, ќе застане пред своите родители и ќе каже дека му е доста од сè и единствено на што потајно се надевам е дека дотогаш ќе остане уште нешто од моите банкноти, зашто го изменив тестаментот и остатокот од имотот му го завештав на оној кој прв ќе направи очигледен знак дека е предодреден да тргне по моите стапки...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На пример, ако за противник го има најголемиот тапчо, кој со затворена дланка го прашува дали се пар или непар, нашето момче одговара ’непар’, и губи; но при вториот обид добива, бидејќи тогаш си вели ’тапчото држеше парен број првиот пат, а неговата лукавост досега дотаму што вториот пат ќе држи непар; затоа сега ќе кажам непар’. Кажува ’непар’ и добива.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знам дека имам што да кажам. ќе кажам, многу храбро, зашто има кој да ме слушне.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа ќе кажам: - Убавината е грев кој само боговите можат да си го дозволат, но не и обичните смртници.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми треба помош. Навистина, еве, повторно ќе кажам дека ми треба некој што ќе ми ја подаде раката и ќе ме спаси од пропаста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога доаѓа на ред третиот вид глупост, ќе кажам дека се соџвакува и најлесно поминува низ општественото грло.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мојот светител. * * * Малку ќе речам, многу ќе кажам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе кажам сè што ми лежи и нема да се возбудувам многу околу тоа. Вака барем ми е лесно. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, пак ќе кажам дека ја сакам, зошто таа е мојата муза. Се вика СВЕСТ. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Очекував дека ѕидовите ќе кажат нешто и за седумте џуџиња, за Пинокио, за Минхаузен или за Робинзон.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не си ги затнав ушите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога се раздени, му рече: „Ќе кажам дома дека сум била кај некоја другарка.“ „Ти си златна девојка“, се протегна милувајќи и го челото и благословувајќи го нејзниниот грев златен како раното сонце што проби низ дрвјата, како реката под утрена наметка. *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А таквата општествена состојба е состојба на светот во којашто историјата не се дефинира во загрозената линеарност на чувствата на некакви си „историски цели” (финалност еднаш засекогаш формулирана, што ќе каже дека преминала од другата страна на финалноста на практичниот разум, во еден екстрем на вирулентно, логички недофатливо постоење), туку дијалошки, аналитички, се испрашува и раствора во самиот човечки живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во една пригода, во излив на отвореност и искреност, ова му се случуваше само пред Татко, кога ќе кажеше нешто што можеше скапо да го чини од што и собеседникот го обземаше немир, ќе заклучеше дека само затворот на Голи Оток можеше да го ослободи од стравот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А кога ќе видам се, ќе кажам -пресечете го коренот на тоа и тоа зло и животот ќе е поинаков, почовечен.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Башка вечерва на вестите ќе кажеа дека Влатче те киднапирал и секој ден идел ќор пијан на работа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби одвреме – навреме ќе каже некој збор против Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа секогаш му се противставуваше кога ќе кажеше нешто такво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше однапред што ќе каже О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За реакцијата на Симона, јас дознав од Лена. За тоа ќе кажам подоцна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нешто ќе каже, но чувствуваш дека има уште нешто што останало некажано.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По некој ќе каже нешто за себе или за некого од Долнец, за некоја девојка, или ќе се накашла од сеното.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Којшто ќе каже дека ме љуби како Господа, и јас ќе го заљубам, ќе му се покажам самиот и во него ќе си направам храм и тој ќе ми биде син, јас ќе му бидам татко.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Другарите од власта рекоа: стручњаците што ќе кажат... А стручњаците чувте што рекоа: да се стрпиме, да почекаме...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако, пак, ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?“ - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Свети Константин Философ, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние што ги виделе нив.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Чувствуваше дека сè што ќе каже, ќе биде многу важно за неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете сега, потстисни го за гркланчето и готово е како 'рскавец. Никој нема да те види. Ќе кажиш: така се роди — и ај ми со здравје.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе каже нешто добро, скока и се радува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А зар пак да е тука некаде ќе ги оставеше сами да го испратат старецот во својот вечен дом, не ќе ја донесеше својата гола глава, не ќе пуштеше две три солзи од прозорците на својот живот, не ќе кажеше неколку лафа, не ќе го охрабреше дедо Костадина гласно и јавно дека нема да биде заборавен во рамната земја, а не како неа сето тоа молчејќи да му го кажува?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој што ќе каже, тоа ќе биде... (Надвор се слуша поткашлувањето на Јордан}.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Отец Серафим првин виното го гледа по боја: ја држи озвесно време чашата пред очите, потоа го помирисува виното, па го вкусува држејќи ја голтката и шетајќи ја низ устата, потоа ќе ја голтне, ќе постои малку како да фаќа некакви тајни сигнали и пораки од него, проверува каков траг му остава во грлото - и ќе каже какво е: одлично, ногу добро, средно, 'рѓосано, лошо; и како секој доктор, веднаш кажува одошто е такво и што треба да се стори, како да се лечи за да оздрави, да се спаси, или да се подобри.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Па“, чу. „Ќе говориш ли? Ќе кажеш ли она што те прашав?“ Нема да одговорам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се најдеме пак и во наредниот. Во друг живот.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ќе кажеш дека сум само твоја. Во друг живот.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
- Јас заради мојата кожа ги викам, Утре ќе дојдат корофилаците, ти ќе кажеш за нив и јас отидов. За тебе да не зборувам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Толкувачот пак му подвикна: - Море, кога ќе заигра дрвен господ, сѐ ќе кажеш и оро ќе играш!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во бројни раскази од оваа книга („Лекција“, „My private Europe“, „Поглед од чекалница“) очигледна е, од една страна, авторовата носталгија по минатото кога меѓу Балканот и Западна Европа не постоел „ѕид од свила“(како што метафорички ќе каже тој на едно место), а од друга страна, неговата „ангажирана“ позиција и свест за горчливиот вкус на современоста; будното и секогаш на штрек фотографско око на Прокопиев загрижувачки бдее над овој наш „резервен живот“ „во простор каде е вообичаено ништењето на домовите и приватните достигнувања...“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како возрасен граѓанин (на една постколонијална територија), продолжи да се раскрупнува, и натаму ја сака музиката и во поголем дел од времето е добродушен.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
КУРТА: Јас ќе кажам дали е чиста.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Што ќе кажеш ти, Пандо ?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пушти го и не терај инает. Кузе си е Кузе. И без да дигнеш рака на него, тој ќе каже.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ќе кажете ли? – пак праша тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А ќе кажам зошто.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јас само работам доста напорно Сѐ е тоа фантазија. DD ПТ: Животот е фантазија? DD ЕВ: Да, да. DD ПТ: Што е тогаш реално? DD ЕВ: Не знам. DD ПТ: Некои луѓе би знаеле. DD ЕВ: Навистина? DD ПТ: Навистина мислите така или утре ќе кажете нешто поинаку? DD ЕВ: Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ќе ја ставиш устата во лончето и ќе кажеш што имаш за кажување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Значи, ќе кажеш, вели Надежда Петрова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трча и вика: — Што ќе кажам, како ќе кажам?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако не кажам јас, велам, ќе каже Манол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не беше веќе стариот лаопланос, сѐ што ќе кажеше сега беше некако изнудено, од немајкаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега што ќе кажам во фабриката?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едната ќе каже, другата ќе принакаже.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Што? — Ќе кажам, вели човекот, во Скопје стана буна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега не знам како да кажам, ама ќе кажам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе кажеш... јас што ќе кажам, велам, не се обѕрнувам. 3.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Срам не срам, ќе кажам: Дедо Мраз сосема се загуби и падна во белиот вртлог на бунилото.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ехе, а сега ќе кажете ли каде е излезот од котлината и можниот пат од другата страна?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нивните брадавици се познаваа преку наводенетите блузи; „срамежливо ме ѕиркаа“ – би рекле некои еуфемични луѓе, а јас ќе кажам дека бесрамно ги зјапав.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
ПИЈАНИОТ: Само ѓибнете ме ... јас се ќе кажам ...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
- А сега ќе кажам зошто сте тука. Ете зошто.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Јас ќе кажам – рече Ѕвезда некако налутена на сите нас.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дури и врапче да ти дојде на прозорец и да ти го види платното веднаш ќе кажеш наново да ја почнуваме работата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Петре на тоа ништо не рече, туку почека гледајќи да види од нас ќе каже.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Петре ја пофали: - Убаво- рече. – Браво, Ѕвездо кој друг ќе каже.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не е лоша. Ама е строга и кога ќе каже нешто, кажано е. Приговори не трпи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Што ќе каже, друг изразен облик?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Камбо тогаш ми рече: Миле, ќе кажам дека јас ја прекинав колоната, јас сум Циган и не е штета што ќе загинам, а ти си убаво девојче и ако загинеш цел баталјон ќе плаче, а кога ќе чујат во селото и тие ќе се расплачат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Нема да му забележвам, си мислев, ќе проголтам сѐ што ќе каже, иако немав ништо што ме врзуваше, потоа ќе си заминам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама мамо – ѝ велев, јас го налегнав, знам, а таа ми подвикна со висок тон: Како што ти велам така ќе кажеш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас мислев дека оваа средба ќе биде последна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Светол бегу, јас ќе кажам сега и за мене.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ништо не ми вреди што се сите од странство, што на моите другарки им се допаѓаат и би сакале да ги имаат, што ме прашуваат каде сум ги купила, па кога ќе кажам од кој град и која земја ми ги донеле мајка ми или татко ми, се воодушевуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ќе каже нешто, па двете малку ќе молчиме, па јас ќе ѝ одговорам, па пак пауза... и сè така, испрекинато.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што вреди кога ми е здосадено од сите нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Истиот начин на разговор го применувавме со моите кога се јавуваа од Индија, а така мора зашто разговорот оди преку сателит, оддалеченоста е голема и му треба време на гласот за да го мине сиот тој пат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А оној Мартин „ди Каприо”, што ќе кажеш за него, срце мое? – се осмелив да го прашам. – Ако веќе никогаш не го видам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу ми се допаѓа, ти тоа најдобро го знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)