ќе (чест.) - касне (гл.)

— Колку да е сит човек кога ќе се сети оти е Велигден, ќе касне едно две, колку за „Ристос воскрс" и најстина му се слатки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од оваа црна планина Трошка земја ќе каснеме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ќе каснеше три-четири залаци и ќе пиеше долго и мрзливо вода и потоа легнуваше на грб.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кај сите и тој ќе каснеше, има. Или, машка работа, заборави?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како да му се наметнува некоја ропска, слепа послушност на дресирано куче: ако му речат - касни, ќе касне, ако му речат - задави, ќе задави. Заради што - не знаеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
АНДРЕЈА: Нема да биде обичен. Овојпат ќе каснеме до коска. Ќе фати гангрена. Пиварата, монополот, ложилницата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да ти ја пропржам урдата. - Не знам. Не чекај ме. Ќе каснам што ќе најдам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Глава ти пука од болка, на леб и вода да не погледнеш од мака, зашто сѐ што ќе касниш ќе го повратиш, та само на пролив те тера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)