ќе (чест.) - копнее (гл.)

Ако е сама, и таа ќе копнее, не како него, лошо и налудничаво, зашто тој старее а таа има седумнаесет години, ќе копнее убаво и жаловито како ластовица, и не за некого, зашто нема приличен пред нејзината младост, а така сама од себе дека е толку чудно убава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во ноќите осамени се сеќавам кога ги соединивме нашите души и секој пат беше ново, неоткриено, возбудливо, слободно, возвишено и посакував да трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе копнеам по твоите очи и ќе верувам во едно среќно вљубување , затоа што вистинската љубов си го наоѓа патот кој води до саканите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогаш ми стана јасно дека душата на Земанек нема да се смири, дека ќе копнее по високо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А на казанчено секогаш ги имаат оние, златнине тацнички, да им се сневиди, со куп шарени топчиња сапун!321 Кој да знае дека шарени топчиња сапун можеле до толку да бидат смрт за вистинска љубов? ‌‌Токму во овој контекст штосот на другар ми дека и дечко му и тој ќе копнееле по венчаницата ја открива својата вистинска значајност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тогаш одите кај него на Апер Маркет и од петни жили стискаш да не одиш во тоалет, зашто тоалетот е тужибабата, мечтоубиецот...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете што ти е тоалетното креденче... Тоа кремчиња за лице и дневни шампони.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да го изговориш тоа значи да признаеш дека ти и предметот на твојата љубов сте недостојни за сериозното сфаќање што му следува на мажественото достоинство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во исто време во некои европски домови навлегува покуќнината Бидермаер, по која многу подоцна (денес) ќе копнеат внуците на македонските селани од Кукулино, премногу рамнодушни за да знаат дека еднаш, во илјада седумстотини четириесет и првото лето господово, еден нивни подалечен дедо, скитник, калуѓер, бакрорезец, иконописец и хералдичар го објавил во Москва грбот на својата земја - жолт лав на црвено поле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)