ќе (чест.) - крене (гл.)

Додека мариовците пазарат, еве кај Петруша толку и толку шамии, шамивчиња, тулбени, грлувчиња, ракавчиња, капи, разни бугасии, ѓувезии, астари, што ли не; од Алекса Баба ќе кренат со оки шеќери, леблебии, суво грозје, смокви, газија и друг бакаллак; од Јашмакот — десетина дваесет рала чевли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како убаво што зборувате така убаво да работите, топ не разбиват ни вас ни нас жими вера, — стана од столот и му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шо ми зборуаш такви детинцки муабети. Кој е тој шо ќе крене рака на царцки човек? Ќе му се исуше!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Често пати, кога ќе му викнеа мајсторите, небрежно и со потценување, како и на другите помлади: „Еј, момче!“, се штрекаа, штом ќе кренеа глава и штом ќе го видеа Велета исправен пред нив со неговиот сериозен и секогаш длабоко замислен израз на лицето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не можам да ти објаснам што ме тера да те побарам, вака, со писмо, но и да можев тоа да го сторам ќе кренев раце. Тоа би било предолга приказна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од оваа црна планина Кон сонцето раце ќе кренеме На погибел В сонце дур да се најдеме Ако не стигнеме Во црната трошка закопајте нѐ, Ако не стигнеме во воздухот угушени побарајте нѐ, Ако не стигнеме Рацете отсечете ни ги, На сонцето однесете му ги, Место нас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Господине, зар ќе кренете рака на ова беспомошно божје живинче?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Заборавил кој бил и заборавил дека лежи ранет од шрапнел на боиште и дека повикува - Константин доаѓа; му го шепоти Коранот на свој јазик и пак неизменет, со недвосмислено значење: Ако ја подадеш својата рака, кон мене да ме убиеш, јас не ќе кренам рака на тебе за да те убијам, од Алах, мој бог на светот, се плашам ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Ќе си го искрка оној Ѓеле од татко ми“, рече едното од двете деца на Марко Проказник: вдоецот со нова жена од ништо не се плаши, ископал тој од под прагот на својата куќа револвер со седум куршума, од војната му е, ќе пука доколку некој ќе крене рака на него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Турците можеби уште сега ќе кренеа раце од неговиот мајсторлак, да не беа пишаните книги со задужбини.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе подушка по грмушките, ќе крене една задна нога, ќе ја крене сериозно и главата и ќе се помоча на дрвцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе кренам оган, сосе алишта да горам, и само лебови ќе сонувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- А ако кренат рака на тебе? - Е, ќе кренат! Зошто, кога не им чинам зло? А затоа и со син ми се карам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше мрачно и свежо затоа што ролетните беа спуштени. - Дома нема никој.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Подобро. Спокојно ќе си легнам - зборував сам со себе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Да беше тука баба, ќе кренеше викотница: - Оф, јас сирота, чедо на баба!...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)