ќе (чест.) - летне (гл.)

Со раце раширени крилја мене сега што ме чекаат, еден ден самостојно ќе летнат, мое чудо мило, моја надчовечка сило.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
А откако ќе го удриш топчето и откако тоа ќе летне угоре како гулаб од детството, тогаш никако не загледувај се по топчето оти погледот може да ти се судри до сонцето а од многу светлина, велат, се ослепува.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се сеќаш Бојко? — Ка да не се сеќам, да не беше Стојо, ќе летнеа масчичките — одговори Бојко, нишајќи ја главата на секој Јованов збор во знак на потврдување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одненадеж замавнувам со рацете, небаре ќе летнам. - Good morning - велам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како и да е, додека го вадат од водата, од него ќе испадне „бакарната книга“ испишана со „непознати букви“, и тогаш , со еден странски восклик („о, возљубени читатели“) искорнатото срце на авторот пак ќе зачука во градите, и тој со „ангелска леснина“ ќе летне „кон својата татковина, кон дома“, со книгата можеби напишана а можеби ненапишана.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мислев дека ќе летне по отвореното поле што се затвораше пред него со падините на Билга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Зградата ќе летне во воздух само по две минути.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Среќата е гулаб, ќе падне на рамото, слатко ќе гука, па ќе му текне - ќе летне, - рече безгрижно Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да можам да се откачам од вашето лепило, ќе летнам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Никогаш нема да летнеш, ќе леташ во место, но ако имаш малку страст и среќа, местото ќе летне со тебе. (Си ја гледа раката) Од ова ќе останат само коски. Мисли на мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Пазува мои денес разгрнвам, - мојот е поглед ко солнце врел радоста моја ко сокол ќе летне на овој светол празничен ден!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
- Што да ти правам кога си слеп! - велеше смеејќи се, итајќи, весело мавтајќи со рацете ваму-таму, чиниш ќе летне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се вратил стрикото Лентеноски, слушате како говорат децата и сите како под команда тојчас ќе летнат кон влезната врата за да го пречекаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Роб ќе стане, ден ќе светне, младост пуста в крв ќе летне!
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Сѐ зборува за една прекрасна сума.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Утре ќе летне пред носот на чунот во волшебен плик од бурата сочуван цел златници ликот на онаа кума.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
------------------------ Бродови одважни, потонати, непознати!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)