ќе (чест.) - мава (гл.)

- Секој ден има да се раѓаат клонирани деца кои на 3 години ќе дигаат тегови од 150 кила, ќе тепаат диви свињи со голи раце, а на 9 години ќе маваат по литар Балантајн.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)