ќе (чест.) - мрдне (гл.)

И овде-онде, ми светнува по некоја ѕвезда меѓу буките. Една ќе се скрие, друга ќе се појави. Како што ќе мрдне некоја парошка, така и ќе се појави. 202
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мртва да ти е ногата па ќе мрдне, ќе оживи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој ќе се искиваше во дланките тресејќи ја главата како да клука, ќе ги избришеше темните танки усни и одново ќе мрднеше со ретките веѓи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама волк не лежи и волк не напаѓа на несигурно, вели, ако е лиот ќе мрдне, ќе побегне, си мислам. 256
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)