ќе (чест.) - наведе (гл.)

Почитувачите на неговото дело, во изјавите после напуштањето на светот на живите, ќе наведат: „Момо Капор навистина многу знаеше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако странката предлага вештачење како доказ, но стори веројатно дека постојат факти или околности за кои не може да го прибави вештиот наод и мислење, судот ќе определи вештачење со писмена наредба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега ќе наведам две гледишта за семејството и за човековото прилагодување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За пример, колку на читателот кој не е толку упатен во правната историја и терминологија, да му биде посликовито како изгледаа овие спорови, овде ќе наведеме само еден класичен текст, чиј автор е надалеку познатиот римски правник Улпијан, кој и денес е еден од најценетите правни авторитети, сè уште цитиран, на пример, при граѓанските судењата пред британските судови: Кога писарот ја изнајмил својата работа, па неговиот работодавач потоа умрел – божествениот император Север одговара со рескрипт на барањето на писарот, со овие зборови: ‘Бидејќи наведуваш дека [ти] не си одговорен за необезбедувањето услови за твојата работа... правично е ветувањето [за платата] од договорот да биде исполнето – ако, во текот на годината за која станува збор, не си примал дневници од никој друг’ (D. 19,2,19,9). 11
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во наредбата судот ќе наведе во однос на кои факти или околности се врши вештачењето, и на предлог на странката ќе определи на кого му се доверува вештачењето (чл. 235, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пак ќе наведам примери, посочувајќи на два типични но меѓусебе различни скопски “андерграунд- гуруа” на деведесеттите; станува збор за Горан Путица - Велечасниот, техно-шаманот, идеологот на анархоидниот андергаунд, борецот за човечки права - што сѐ би требало да се протолкува како социјална ангажираност насочена кон политичкото сфатено како уметност на возможното.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во контекст на театарската уметност, ќе наведам дека пред дваесетина години, кај нас се случи еден несекојдневен настан.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)