ќе (чест.) - навикне (гл.)

Сигурно ќе навикне помалку да работи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А ти Мито и ти Циљке и сите други како вас, ќе навикнете ли на фустани?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дење и ноќе ќе слушате по некој истрел или рафал и ќе навикнете. Да.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кутрата Марина! Како ли ќе навикне на оваа туѓа жена, која треба да ја замени мајка ѝ... и тоа толку брзо, на маќеа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)